Љубовтa е прекрасно, возвишено чувство без кое не може да се живее. Таа е најголема инспирација и движечка сила за многу знајни и незнајни креативци и автори. Во историјата на книжевноста, љубовта се појавува како чест мотив за пишување. Некои од најубавите книги се инспирирани токму од ова возвишено чувство. Во чест на Денот на вљубените (14 февруари) ги избравме најубавите книги посветени на љубовта во издание на „Арс Ламина – публикации“, што се достапни во книжарниците „Литература.мк“, како и онлајн на www.literaturа.mk.
Без разлика дали го славите овој ден, дали сте вљубени и дали имате партнер, книгата секогаш е најдобар сопатник и одличен подарок. Почнувајќи од „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито, која во моментов е на специјален попуст од 70 отсто, во рамките на акцијата „Денови на литературата“, па сѐ до најновото издание од „Арс Ламина“ посветено на љубовта: „Писатели и љубовници“ од Лили Кинг, ви претставуваме избор со наслови што можете да си ги подарите себеси или на некоја посебна личност. Уживајте во љубовта и во читањето книги! Подарете со љубов.
1. „Писатели и љубовници“ од Лили Кинг
„Писатели и љубовници“ ја следи Кејси Пибоди – паметна и ранлива протагонистка – во последните денови од младоста, период кога секој сегмент од нејзиниот живот е во криза. Напишан со хумор, срце и интелигенција, карактеристични за стилот на Лили Кинг, овој исклучителен роман го истражува застрашувачкиот и возбудлив скок помеѓу крајот на една фаза од животот и почетокот на друга. Поранешното чудо од дете за голф, Кејси, сега работи како келнерка во ресторан на плоштадот „Харвард“ и живее во изнајмена мувлосана соба во која работи на својот роман што го пишува шест години. На 31 година, Кејси сè уште се држи за нешто од кое речиси сите нејзини пријатели се откажале: посветеноста да има креативен живот. Кога во исто време ќе се вљуби во двајца сосем различни мажи, нејзиниот свет се крши на уште поситни парчиња. Кејси се бори да ги исполни нејзините креативни амбиции и да балансира меѓу спротивставените барања на животот и уметноста, на начини што ја туркаат до работ.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и за онлајн-нарачка на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14828
2. Серијал „Безнадежно“ од Колин Хувер
Во серијалот „Безнадежно“ од Колин Хувер има четири романи: „Безнадежно“, „Изгубена надеж“, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“. Лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе, која ќе ве врати во времето на вашата прва љубов. Во „Безнадежно“, Скај не остави ниту една тајна неоткопана, ниту едно чувство несподелено и ниту еден спомен заборавен, но минатото на Холдер остана мистерија. Прогонуван од малечкото девојче на кое му дозволи да замине, Холдер сиот свој живот го помина барајќи ја и во обид конечно да се ослободи од разорувачката вина што ја чувствува со години. Но, она што не можеше да го предвиди е дека во моментот кога повторно ќе се поврзат, ќе го преплави уште поголем бран каење... Понекогаш во животот, ако сакаме да продолжиме понатаму, прво мораме да копаме длабоко во нашето минато и да направиме промени. Во „Изгубена надеж“, авторката на бестселери Колин Хувер открива што се случува во главата на Холдер во сите безнадежни моменти – и дали ќе го најде мирот што толку очајно му е потребен. Случајна средба ги наведува осумнаесетгодишниот Даниел и девојката која случајно налетува на него да си искажат љубов еден на друг. Но, оваа љубов има услови: се согласуваат дека ќе трае само еден час и ќе биде замислена. Кога ќе помине тој еден час и девојката ќе отрча како Пепелашка, Даниел се обидува да се убеди себеси дека она што се случило меѓу нив изгледало совршено само затоа што тие се преправале дека е совршено. Моменти како овие со девојка како оваа не се случуваат надвор од бајките.
Една година и една лоша врска подоцна, неговото неверување во инстант-љубов исчезнува во моментот кога ќе ја запознае Сикс: девојка со чудно име и уште почудна личност. Но, Даниел наскоро сфаќа дека бајките не постојат и, за жал, пронаоѓањето на Пепелашка не е гаранција за нивното „среќни засекогаш“... тоа е само дополнителна закана. Дали тајната од минатото ќе ја загрози единствената шанса што ја имаат?
Романите од Колин Хувер се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и за онлајн-нарачка на следниот линк:
https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=7028
3. „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд
Приказната се движи околу возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, која конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант за тоа, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега? Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ѝ е во ќор-сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ѝ ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како што приказната на Евелин се приближува кон крајот, така станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14712
4. „Сакај ја диво“ од Атикус
Со искреност, трогателност и романтичен занес, во „Сакај ја диво“ е поместено сето она што истовремено е необработено и култивирано, и во најмалите и во најголемите мигови во животот: првиот изблик на нова љубов, ноќно возење проследено со потпевнување на песната што свири од радиото во автомобилот, незадржливата бујност на женскиот дух, едноставното задоволство што го нуди доброто виски... Атикус ги дестилира највозбудливите занеси и најголемите разочарувања од животот и од љубовта и ги поместува во неколку кратки редови, така осигурувајќи се дека неговите зборови ќе останат врежани во мозокот на читателот – и ќе го разбудат чувството за авантура кај него.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13590
5. „За пет години“ од Ребека Серл
„За пет години“ е незаборавна љубовна приказна, но не онаква каква што очекувате. Каде се гледате себеси за пет години? Дени Коен живее според правилата. Млада е и амбициозна и точно знае каде се гледа себеси во животот. Ниту малку не личи на својата најдобра пријателка, спонтаната и романтична Бела. По неколку години вредна работа и грижливо планирање, Дени е на прагот за остварување на своите соништа. Ќе се вработи во најдобрата адвокатска фирма, а нејзиното совршено момче ја запросува. Дени лежи на нејзиниот кревет задоволна и убедена дека работите одат според планот. Кога ќе се разбуди, Дени се наоѓа во друг стан, со поинаков прстен на раката, покрај сосема друг човек. Следниот еден час од нејзиниот живот Дени го поминува пет години во иднината, пред повторно да се разбуди. Иако настојува да го потисне живописниот сон, Дени не може да престане да размислува за тоа искуство.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и за онлајн-нарачка на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14516
6. „Има ли сè уште секс во градот?“ од Кендас Бушнел
Дваесет години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“, Бушнел малку го преобликуваше пејзажот – животот не се случува исклучиво во Менхетн. Сè совршено приспособила на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат... Авторката по малку сатирично ги коментира врските и односите помеѓу мажите и жените во средните години додека се движат во технолошки модернизираниот свет. Без разубавување и мошне духовито ги коментира различните феномени на 21 век. Љубовта и животот ги согледува низ различни перспективи – низ бракот и децата, разводот и загубата, а се осврнува и на мошне агресивните притисоци врз жените да останат млади и убави колку и да ги чини тоа. Оваа книга е совршен приказ за состојбата на современото општество и логично продолжение на една од најреволуционерните книги на 20 век.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14471
7. „Смешни љубови“ од Милан Кундера
„Смешни љубови“ е збирка раскази напишани во периодот од 1960 до 1968 година, кога е и објавена, но набргу потоа, по руската инвазија на Чехословачка истата година, е забранета. Главна тема на расказите, како што луцидно навестува и насловот, е љубовта, при што акцентот само навидум е ставен на нејзиниот физички аспект, додека под површината на односите се наѕираат смешните недоразбирања и комичните ситуации во кои се вплеткуваат протагонистите – неретко во мрежата што самите ја сплетуваат за другиот, за партнерот во играта...
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14476
8. „Есен во Венеција“ од Андреа ди Робилант
Во есента 1948 година, Ернест Хемингвеј и неговата четврта сопруга по првпат патуваат во Венеција, која Хемингвеј ја нарекува „апсолутно проклето прекрасна“. Една година пред неговиот педесетти роденден, Хемингвеј нема објавено роман речиси една деценија, а тогаш ја запознава Адријана Иванчич и се вљубува во неа, впечатлива венецијанска девојка, која само што го завршува училиштето. Во оваа книга Андреа ди Робилант со блескава јаснотија ни ја прикажува оваа изненадувачка, долгогодишна врска, во која Адријана инспирира човек триесет години постар од неа да го заврши своето последно големо дело. Хемингвеј ја користи Адријана како модел за ликот на Рената во „Преку реката и во шумата“ и продолжува да ја посетува Венеција за да се гледа со неа; додека Иванчичевци се во Куба, Адријана е присутна додека тој ја пишува новелата „Старецот и морето“. „Есен во Венеција“ е извонредна приказна за еден писател и неговата муза – која истовремено ја испитува цената што треба да ја плати една млада жена поради нејзината поврзаност со еден писател кој е жива легенда – и претставува интимен поглед на последните години на Хемингвеј.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14370
9. „Еднаш засекогаш“ од Сара Десен
Луна знае многу за венчавките – но малку за љубовта. Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи. Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка. Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично. Па, кога згодниот, весел женкар Амброз ќе се појави во нејзиниот живот, Луна нема да го сфати сериозно. Тој е сигурен дека може да се промени. Луна се обложува дека не може. Но, Амброз мрази да не го добива она што го сака, а Луна е девојката која ја чекал целиот живот. Интересен, нежен и пенлив како шампањ, романот на Сара Десен е слатко задоволство.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13626
10. „Заеднички стан“ од Бет О’Лири
На Тифи Мур ѝ треба евтин стан, и тоа итно. Леон Туми работи ноќе и му требаат пари. Нивните пријатели мислат дека се луди, но тоа е совршено решение: Леон живее во станот со еден кревет додека Тифи работи преку ден, а таа го има станот преостанатото време. Со опсесивни поранешни партнери, со комплицирани клиенти на работа, со погрешно обвинет брат и, секако, фактот дека сè уште не се сретнале, тие откриваат дека ако сакаш совршен дом, треба да го фрлиш правилникот низ прозорец.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14424
11. „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“ од Кели Хармс
Преоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ѝ треба пауза. Па, кога ќе се појави нејзиниот сопруг кој ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк.
Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие. Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудливо ново поглавје од нејзиниот живот или да се врати на животот што го оставила зад себе.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14487
12. „Скоро Парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ од Јана Мишо
„Скоро парижанка“ од македонската авторка Јана Мишо е приказна за девојка во бајковита љубовна врска со Париз, живее совршено уреден живот во нејзиниот стан на Гар ду Нор, со прекрасна работа и со многу кафе. Сепак, едно истурено кафе, една загубена работа и една мала поплава подоцна, ѝ се чини дека Париз не е секогаш најдобрата идеја – особено што секоја пригода ја користи за да се подбива со хероината. Додека „Анаис од Монмартр“ говори за Анаис Мишел која со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напуштила – себеси.
Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13257
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13700
13. „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’Да‘“ од Мери Бет Кин
Френсис Глисон и Брајан Стенхоуп, двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Она што се случува во двете куќи зад затворени врати – осаменоста на сопругата на Френсис, Лена, и нестабилноста на сопругата на Брајан, Ен – поставува сцена за експлозивни настани што следуваат. „Прашај ме повторно, ќе ти речам ’Да‘“ е приказна за долгогодишното пријателство и љубовта помеѓу ќерката на Френсис и Лена, Кејт, и синот на Брајан и Ен, Питер, што никого нема да остави рамнодушен. Брилијантно, емотивно и искупувачки, оваа книга открива како спомените од детството се менуваат од дистанца на зрелоста – негативците не се веќе закана, а невините и не се баш наивни. Љубовната приказна на Кејт и Питер, тестирана од ехото од минатото, е обележана со нежност, дарежливост и милост.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14356
14. Серијал „Јас сум Миа“ од Јана Мишо
Приказната за Миа почна со колумните на Јана Мишо објавени на hashtag.mk, а продолжи со првиот роман „Јас сум Миа“ и секојдневно расте преку социјалните мрежи и во комуникацијата со обожавателите. Почна како интернет-сензација во епизоди, а се развива во комплетно книжевно дело. „Јас сум Миа“ е трета книга на Јана Мишо, по „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и првo нејзино издание за тинејџери.
Приказната се движи околу тинејџерката Миа, чијашто симпатија е Стефан. Но, Стефан има девојка! И не можете ни да замислите каков проблем е тоа. Поточно, тоа ти е најголем проблем, додека некој тајно не те сними како правиш беља... И не го покаже тоа на интернет. Фино е да бидеш популарна онлајн, ама дали е фино секаде да те препознаваат и да знаат што си направила? И тинејџерски проблеми и другарки и другари и љубов и... мала мистерија. Покрај „Јас сум Миа“, во серијалот се и „Миа во Амстердам (Јас сум Миа #2)“ и „Новогодишна епизода (Јас сум Миа #2.5)“.
Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
„Јас сум Миа“ – https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13508
„Миа во Амстердам (Јас сум Миа #2)“ – https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14406
„Новогодишна епизода (Јас сум Миа #2.5)“ – https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14462
15. „Млеко и мед“ од Рупи Каур
„Млеко и мед“ е збирка поезија за љубовта, загубата, траумата, малтретирањето, зацелувањето и женственоста. Поделена на четири поглавја и секое поглавје има друга цел, се справува со различен тип болка, лекува друг тип болка во срцето „Млеко и мед“ ги води читателите на патување низ најгорчливите моменти во животот и наоѓа слатки нешта во нив – затоа што слатки нешта има насекаде, само ако сте желни да ги побарате. Оваа книга е најпродаваната колекција на поезија и проза според „Њујорк тајмс“. Продадена е во повеќе од еден милион копии низ светот и преведена е на повеќе од 30 јазици.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13543
16. „Список за душа“ од Кејси Вест
Летниот распуст на 17-годишната Аби Тарнер не се одвива според нејзините планови. Таа чувствува нескриена наклоност кон нејзиниот најдобар другар Купер. Исто така, не може да се справи со растечката анксиозност на мајка си. Згора на тоа, ја одбиваат да учествува на уметничка изложба затоа што нејзините слики „немаат душа“. Па, кога добива нова шанса да го претстави своето ликовно творештво, се чини дека Аби ќе ја пропушти и таа можност. Во меѓувреме, на сцената стапува списокот. Себеси си дава период од еден месец за да направи десет нешта, на пример, да се соочи со страв (бр. 3), да ислуша приказна на непознат човек (бр. 5)... да се вљуби (бр. 8). Аби верува дека ако ги искуси овие нешта ќе прерасне во уметникот што отсекогаш посакувала да стане. Но, како што наближува крајниот рок, Аби сфаќа дека мисијата не е лесна како што ѝ се чинело и дека, веројатно, не може да ја промени својата уметност ако не е подготвена да се промени себеси.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13455
17. „Срце, глава, стомак“ од Камило Кастело Бранко
„Срце, глава, стомак“ е сатирична романтична новела издадена во 1862 година. Раскажана е во прво лице од протагонистот Силвестре да Силва, кој на читателот му ги раскажува причините за своите љубовни неуспеси и радости во тогаш современиот Лисабон. Поделена е на три дела: во „Срце“, Силвестре е постојано вљубен, но несреќно, та негова единствена цел и фрустрација е да ја пронајде совршената жена. Гневен, преоѓа во вториот дел „Глава“, каде што материјално гледа на љубовта и го негира сето тоа што му се чини неправилно во тогашното општество, така што во еден весник од Порто завршува здобивајќи се со фама на клеветник. Во третиот дел од неговиот живот му се предава на „Стомакот“ и живее селски живот со мигови на мир и задоволство: се спојува со Томасија, ќерка на генерал-мајорот од Соутело, и добива богата женидба исполнета со прекрасни јадења, далеку од разочарувањата на главата и срцето.
Во ова дело можеме да најдеме од сè по нешто: значителна социолошка критика, сатира за португалските обичаи и, пред сѐ, литературно изложување на најпрефинетиот хумор на Камило Кастело Бранко. Наративот во ова дело е металингвистички, додека, пак, содржината е автобиографска: Силвестре ни открива зошто ја има напишано оваа книга – објаснува како се обидел да го искористи животот така што ќе добие најголема сатисфакција од него.
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк.
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13327
18. „Љубов во време на колера“ од Габриел Гарсија Маркес
Длабоката младешка љубов на Флорентино Ариса и Фермина Даса се соочува, последователно, со три сериозни пречки: неодобрувањето од таткото на Фермина, едно патување за заборав и докторот Хувенал Урбино, најпосакуваниот ерген во областа. Последната пречка се чини погубна: набрзо Фермина се венча со Хувенал. Но, Флорентино Ариса е поет, музичар, романтичар: педесет и една година, девет месеци и четири дена по нивната прва средба, на погребот на нејзиниот сопруг, со шапка принесена до срцето, Флорентино ѝ го повторува на Фермина својот завет за вечна верност и љубов. За волја на вистината – шестотини дваесет и две внимателно прибележани љубовни авантури подоцна.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12760
19. „Костурите на округот Медисон“ од Ведрана Рудан
Госпоѓа Павица е приморка во златни години и секогаш кога некој ќе ја нарече жена во златни години, ѝ се превртува желудникот. Живее во мало место, пее во мал хор и е омажена за поморец со кого цел живот е во брак. Ги има ќерката Ана, внукот Тони и болките во колената. Децата за неа се безусловна љубов и доживотен затвор и кога повторно би се родила, никогаш не би родила. Првпат е среќна во седумдесеттата година затоа што го наоѓа мажот пред кој не мора да клечи. И не размислува за смртта. Во полифоничниот роман „Костурите на округот Медисон“, Ведрана Рудан бескомпромисно и духовито, а над сè уметнички успешно, зборува за родителите, децата, љубовта и сексот. Таа ги разбива стереотипите за пожртвуваните мајки, послушните ќерки, посветените сопрузи и злобните љубовници. Стереотипите поради кои сите тие стануваат жртви. Како завршува мојата љубовна приказна? Дали на крајот ќе се венчаат или можеби ќе ги обноват заветите? Или се разделуваат на обострано задоволство за да тргнат во нови љубовни маки опседнати со сексот или од стравот од секс? Нема да ви кажам. Што мислам, дали книгата е добра? Одлична е. Земете ја в раце. Откако ќе ја прочитате, можеби нема да скокнете на „Фејсбук“, туку на некој што го сакате. Или ви се чини дека го сакате.
Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13504
- „Сплеткарот Купидон“ – Џина Ардит
Понекогаш дури и на Купидон му треба малку помош… Кратка приказна за Св. Валентин во издание на „Aрс Ламина“, по повод празникот на вљубените. Виви Максвел ја води агенцијата „Купидон по порачка“ во Њујорк, која нуди уникатен сервис за изнајмување придружници. Кога богатата и згодна клиентка Ева Федерстон ќе им се обрати за да ѝ најдат придружник за зимската сезона во Менхетен, таа фрла око на најдобриот пријател на Виви, Себастијан Лоренс, познат како Бас. И Виви и Бас претходно се имаат изгорено во љубовта и не ни помислувале дека нивната врска може да биде повеќе од платонска. Но, наметнувањето на Ева го освестува Бас, терајќи го да сфати дека е, всушност, вљубен во својата најдобра пријателка – Виви. Сега, со помош на Ева, тие прават секакви сплетки за да ѝ помогнат на Виви да ја препознае љубовта што ја барала целиот свој живот, а, всушност, била постојано покрај неа…
Книгата е достапна за нарачка на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11513
На листата со книги посветени на љубовта се и:
„Таа ноќ ја видов“ од Драго Јанчар
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13581
„П.С. Ми се допаѓаш“ од Кејси Вест
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13225
„Отчукувања“ од Франсеск Миралјес и Хавиер Руескас
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13039
„Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13134
„Најубавите љубовни писма на сите времиња“ од група автори
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13036
„Те чекам“ и „Биди со мене“ од Џенифер Л. Арментраут
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11520
„Сплеткарот Купидон“ од Џино Ардито
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11513
„Каде што шумата се среќава со ѕвездите“ од Гленди Вандера
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14394
„Лето како во ’Мама миа‘“ од Ени Робертсон
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13695
„Втората месечина“ од Владо Димовски
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14753
„Брезите што шумеа крај Темза“ од Катерина Серафимовска
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14555
„Аутопсија на љубовта“ од Моџо Килингтон