Ова е другото лице на историјата. Тука
освојувачите со оружје,
со збор или хармонизирани ноти, независно, се плен на
потребата за двојно скротување, за нежност, попрецизно – за љубов, односно, да
бидеме доследни докрај – за љубовниот копнеж исцеден во
интимно интонирани писма што му се противставуваат
на времето во јуриш.
Прочитајте ги похотливите воздишки, развигорените чувства
и срцевите изблици на луѓето кои им да е важност на историските
отсечки од нивното време, поаѓајќи од скокотливиот
Волтер, мистериозниот
Бетовен, па правдољубивата Мери Волстонкрафт
и актерката Жулиет Друе, но и други
громки имиња.
Amor vincit omnia!