Книжевни факти

Го одбележуваме роденденот на Морис Леблан, авторот на серијалот за џентлменот крадец Арсен Лупен

11.11.2021.
Го одбележуваме роденденот на Морис Леблан, авторот на серијалот за џентлменот крадец Арсен Лупен

На 11 ноември во светски рамки се одбележуваат 157 години од раѓањето на славниот француски писател Морис Леблан – авторот на култниот серијал за џентлменот крадец, Арсен Лупен. Неколку дена претходно (6 ноември), пак, беше 70-годишнината од неговата смрт.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, на англиски јазик објави серијал со девет книги за авантурите на принцот на крадците.

Станува збор за насловите: „The extraordinary adventures of Arsène Lupin, gentleman-burglar“, „Arsène Lupin versus Herlok Sholmes“, „Further adventures of Arsène Lupin“, „The confessions of Arsène Lupin“, „Arsène Lupin: The secret of Sarek“, „Arsène Lupin: The eight strokes of the clock“, „Arsène Lupin: The secret tomb“, „Memoirs of Arsène Lupin: The Countess of Cagliostro“ и „Arsène Lupin: The Mélamare mystery“.

Арсен Лупен е еден од најпознатите книжевни ликови, тој е џентлмен, но и елегантен крадец, криминалец – пандан на генијалниот британски детектив Шерлок Холмс. Врз основа на романите, стриминг-сервисот „Нетфликс“ на почетокот на оваа година ја реализираше француската ТВ-серија „Лупен“ со харизматичниот Омар Сај во главната улога.

Морис Леблан (11 ноември 1864 – 6 ноември 1941) е роден во Руан, Нормандија, каде што го завршил своето основно образование. По студирањето во неколку земји и напуштање на Правниот факултет, се преселил во Париз, каде што почнал да пишува проза, криминални романи и раскази, кои во голема мера биле под влијание на писатели како Густав Флобер и Ги де Мопасан. Во својата кариера има објавено повеќе од 25 публикации, од кои најпознати се крими-романите со Арсен Лупен. Автор е на кратки раскази што ги објавувал во разни француски списанија, а исто така напишал два значајни научно-фантастични романи: „Les Trois Yeux“ (1919) и „Le Formidable Evènement“ (1920). Првата приказна за Лупен ја објавил во списанието „Же се ту“ во јули 1905 година. Поради големиот интерес, Леблан продолжил со објавување на серијата од приказни.

Роденденот на Морис Леблан го одбележуваме со деветте книги за Арсен Лупен на англиски јазик, кои се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн, преку www.literatura.mk.

„The extraordinary adventures of Arsène Lupin, gentleman-burglar“

„Неверојатните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“ е прва збирка раскази на Леблан што раскажува за авантурите на Арсен Лупен и е објавена во 1907 година. Toj е духовит човек полн со доверба – Шерлок Холмс за криминал. Сиромашните и невините немаат од што да се плашат; често тие профитираат од неговата спонтана великодушност. Богатите и моќните како и детективот кој се обидува да му ја расипе забавата, сепак мора да внимаваат. Тие се мета на пакоста и одмаздата на Арсен.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14561

„Arsène Lupin versus Herlok Sholmes“

Креацијата на Леблан, крадецот и џентлмен Арсен Лупен, е сè што би очекувале од француски аристократ – духовит, шармантен, брилијантен, итар… а можеби и најголемиот крадец на светот. Во „Арсен Лупен против Шерлок Холмс“ Лупен се соочува со единствениот човек кој може да го спречи… ништо помалку од големиот британски џентлмен-детектив Херлок Шолмс! Кој ќе излезе како победник?

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14562

„Further adventures of Arsène Lupin“

Во „Понатамошните авантури на Арсен Лупен“ крадецот и џентлмен се враќа во оваа сложена приказна за измама, плен и љубов. Уште еднаш Лупен е на слобода, им го одзема богатството на богатите од под носот. Но, овој пат тој можеби го сретнува својот противник… и не станува збор за неговите вообичаени непријатели, туку паметната студентка која успева да навлезе во неговите тајни. Но, најголема опасност може да биде жената во која се вљубува Лупен, бидејќи го убедува дека ќе се откаже од животот во криминалот…

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14563

„The confessions of Arsène Lupin“

Во „Исповедите на Арсен Лупен“ минати се веќе две недели откако баронесата Репстајн е исчезната од Париз, земајќи со себе цело богатство во накит украдено од нејзиниот сопруг. Француските детективи ја бркаа низ цела Европа, следејќи ја трагата на скапоцени камења, но таа ги избегнува сите нивни напори. Кога Арсен Лупен ќе ја најде, нема да избега толку лесно.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14564

„Arsène Lupin: The secret of Sarek“

Во „Арсен Лупен: Тајната на Сарек“ дејството се одвива речиси целосно на измислениот остров Сарек во 1917 година, во кој Леблан вешто ги спојува криминалната фантазија и научната фантастика. Откако ќе го види своето име во неповрзан филм, една жена ги пронаоѓа трагите што ја водат до застрашувачка тајна.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14732

„Arsène Lupin: The eight strokes of the clock“

Во „Арсен Лупен: Осумте удари на часовникот“ во Париз исчезнуваат шест жени, кои ќе бидат најдени една недела подоцна, обезличени, со отворени черепи. Врз основа на малкуте докази што ги има полицијата, претпоставува дека убиецот е жена и дека таа се подготвува да нападне повторно. Кога љубовницата на принцот Ренен ќе исчезне во една студена ноќ во октомври, тој се плаши дека таа ќе стане најновата жртва. Повеќето благородници би биле беспомошни да ја спасат пред да биде убиена, но Ренен е сојузник на Арсен Лупен, најголемиот крадец во светот, и ништо нема да го запре да го фати убиецот. Страшни суштества може да демнат во споредните улички на Париз, но ниту еден не е толку опасен или брилијантен како Арсен Лупен.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14733

„Arsène Lupin: The secret tomb“

Во „Арсен Лупен: Тајната гробница“, по Првата светска војна, младите протагонисти формираа мала група на патувачки циркус, кој живееше во приколка и преживеа најдобро што можеше. Оваа трупа вклучува убава млада девојка, Дороти, танчарка на јаже, но, исто така, понекогаш и гатачка или екстра-луцидна гледачка, и четири млади момчиња кои ги земала и ги школувала како што може…

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14730

„Memoirs of Arsène Lupin: The Countess of Cagliostro“

Во „Сеќавањата на Арсен Лупен: Грофицата од Каглиостро“ Арсен Лупен се навраќа во раните дваесетти години и неговата прва љубов: Кларис Д’Етиге. Иако татко ѝ ѝ забранува да се среќаваат, тоа не го спречува Лупен да ја засака Кларис. Но, кога ќе најде докази на имотот Д’Етиге за заговор за убиство на жена, тој не може а да не биде вовлечен во трката што следува потоа, до легендарното богатство.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14731

„Arsène Lupin: The Mélamare mystery“

„Мистеријата на Меламар“ (позната и како Мистериозната палата) е осумнаесеттиот роман во серијата книги „Арсен Лупен“ од Морис Леблан. Книгата ја раскажува приказната за кражба на дијаманти и киднапирање на актерката Реџин Обри. Арсен Лупен, под псевдонимот Жан Д’Енерис, е ангажиран од големиот магнат за накит Ван Хоубен во обид да го реши злосторството. Мистеријата сепак се продлабочува кога се случува второто киднапирање и се открива историја на ривалство и омраза помеѓу две семејства.

Книгата можете да ја побарате онлајн на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14734

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.95 MB