Топ листа

Топ 10 најбарани изданија за деца и млади во Литература.мк во февруари

21.03.2022.
Топ 10 најбарани изданија за деца и млади во Литература.мк во февруари

Новата книга „Мачешки исповеди или Што значи да се биде маче“ од авторката Катерина Трајановска, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, која беше промовирана во февруари, е најбараното издание за деца во „Литература.мк“ минатиот месец. Следува „Хари Потер и Редот на фениксот“ – петтиот дел од серијалот за младиот волшебник од Џ. К. Роулинг. Популарните пиши-бриши вежбанки за најмладите: „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“ се меѓу најбараните изданија за деца во „Литература.мк“ и во февруари. На листата е и новото илустрирано издание за најмладите – „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова. Голем интерес имаше и за басната „Кучето и зајакот“ и за бајката „Девојчето и дванаесетте месеци“, како и за едно од новите изданија од серијалот за Исидора Мун од Хариет Мункастер – „Исидора Мун оди на преспивање“. Во продолжение проследете ја целата топ 10 листа со најбарани изданија за деца во „Литература.мк“ за минатиот месец. Која книга е вашиот фаворит?

1. „Мачешки исповеди“ од Катерина Трајановска

„Мачешки исповеди“ е збирка сочинета од десет раскази-приказни што ги раскажуваат мачиња домашни, улични, палави, мирни, пркосни, срамежливи, наивни, брливи, портокалови, црни... со еден збор – единствени. Секое маче има своја приказна: некогаш тажна, некогаш смешна, навидум обична, но сигурно по нешто – посебна. Тоа што ги обединува е нивната потреба да ги споделат своите доживувања, од секоe доживување правејќи важен настан. Затоа што: Сите среќни мачиња си прилегаат едно на друго, секое несреќно маче е несреќно на свој начин. Но, понекогаш тагата ги обединува сите живи нешта и понекогаш читателот може да си претстави што значи да се биде маче. Па, така, дознаваме како Џинџер стана популарен готвач со своја емисија за готвење без никакво кулинарско искуство од претходно, откриваме што сонува малото бездомно маче Заратустра, па едно друго маче му споделува на својот другар Мики интимна приказна за неговата баба и за нејзиниот тежок живот на улица, но и за судбинската средба со неговиот дедо, за еден Хенри кој многу сака да се сретне со градоначалникот и да му ги каже своите забелешки за маалото во кое живее, тука се и Чарли и Вања и Ники и Максим и малиот Индијанец, кој го повикува својот облак да пушти дожд за да биде награден со млекце и малата виулица наречена Ноа, која живее на село со своите роднини – домашните животни. Цела палета расприкажани ликови, цел нов свет што чека да биде откриен од своите најмлади читатели.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14833

2. „Хари Потер и Редот на фениксот“ од Џ. К. Роулинг

Во „Хари Потер и Редот на фениксот“ Хари Потер е исфрлен од Хогвортс! Бранејќи го својот братучед Дадли од дементорите, тој е принуден да употреби магија за време на летниот распуст, постапка што доведува до негово сослушување од министерот за магија лично. Во меѓувреме, лордот Волдеморт е сè помоќен, а голем дел од волшебничкиот свет – вклучувајќи го и Министерството за магија – е во одрекување: се води подмолна хајка против сведоштвата на Хари и Дамблдор. Но, за среќа, постојат луѓе кои ќе му се спротивстават на Мрачниот господар. Познатиот Ред на фениксот, основан од Дамблдор како противтежа на страшните смртојади, дејствува и се бори зад кулисите. На повидок е нова волшебничка војна и секој мора да ја одбере страната на која ќе се бори.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14804

3. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

Хит-изданијата од полиците на „Литература.мк“: интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ се меѓу најбараните изданијата за деца и во февруари. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://bit.ly/3wZeHH4

4. „Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ од Магде Ангова

„Гатанки за сѐ и сешто и за уште нешто“ е игрива, тематска збирка што ги оживува и ги осовременува гатанките како специфичен жанр, омилен и популарен за децата од ниските одделенија. Со досетлив, лирски избор на заглавните зборови – решенија на гатанките, и со опуштен, врзан стих со рима, Магде Ангова создала интересен поетски свет за видливите и невидливите нешта што децата треба само да ги препознаат или допрва да ги научат. Забавата и знаењето во оваа збирка се фатени рака за рака.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14832

5. Басни и бајки од Македонија

Сликовниците од едицијата„Басни од Македонија“ и „Бајки од Македонија“ – проект на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ „Браво сине“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, се меѓу најбараните изминатиот месец. Станува збор за изворни приказни собрани од Марко К. Цепенков, чијшто текст за оваа едиција го адаптира Билјана С. Црвенковска, а илустрациите се на Катерина Николовска. Најголем интерес во февруари имаше за басната „Кучето и зајакот“ и за бајката „Девојчето и дванаесетте месеци“. Во „Кучето и зајакот“ се раскажува за ривалството меѓу кучето и зајакот, кои се расправаат кој е побрз и зошто? Дали патиките и чорапите можат да направат разлика?„Девојчето и дванаесетте месеци“ е всушност добропознатата народна приказна за девојчето и лошата маќеа, чијашто поука е универзална, дека треба да бидеме умерени и културни, затоа што убавиот збор – алтан вреди, а лош збор е како змија.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

„Кучето и зајакот“ https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13080

„Девојчето и дванаесетте месеци“ https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=12799

6. „Исидора Мун оди на преспивање“ од Хариет Мункастер

Една од новите книги од серијалот за малата вампир-самовила „Исидора Мун оди на преспивање“ од Хариет Мункастер се најде меѓу шесте најбарани книги за деца во февруари. Исидора Мун е посебна затоа што е поинаква. Нејзината мајка е самовила, татко ѝ е вампир, а Исидора е по малку од двете. Нејзино најверно другарче е Розовото зајаче, кое оживеало со помош на магија. Исидора живее во свет помеѓу магијата и реалноста. Оди во „обично“ училиште и се дружи со деца без магични моќи. Секојдневно учи нови нешта и заминува во многу авантури, придружувана од Розовото зајаче. Во книгата „Исидора Мун оди на преспивање“ Исидора е поканета да преспие кај другарка ѝ Зои. На среќата ѝ нема крај, затоа што никогаш досега не била на преспивање! А затоа што имаат торта за печење, полноќна гозба и бескрајна волшебна смеа за споделување, ќе мораат да останат будни цела ноќ за да успеат да направат сè!

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14497

7. „Мојата прва книга со зборови

Оваа картонска книга е наменета за најмалите дечиња, за да ги научат преку неа првите поими и да се запознаат со светот околу нив. Децата учат преку слика и повторување на зборовите кажани од возрасните. Затоа оваа книга многу ќе им помогне на младите родители во едукација на своите малечки. На страниците на ова издание се поставени фотографии од предметите што вообичаено ги опкружуваат најмладите и кои лесно ќе ги препознаат и ќе научат да ги изговараат. Поставени се и колажи со животни и растенија, како и објекти од светот околу нив, со цел да ги научат да ги препознаваат и да ги именуваат. Оваа книга е идеална за учење и преку игра со своите најмили.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13069

8. „Агата Одли – Тајниот клуч“ од Лина Џонс

Запознајте ја 13-годишната Агата Одли, храбра и решителна хероина, која е ѕвезда на нова и модерна серија на детективски романи за деца. Интересот на ова девојче е да разрешува мистерии како и нејзиниот херој Херкул Поаро и сето тоа го прави со помош на својата логика и на нејзиниот пријател, кој, пак, е исклучително добар во користењето на компјутерите. Агата секој момент од своето слободно време го користи за да најде случаи за разрешување и се надева дека сиот овој труд ќе ја однесе до одговорот на тоа што се има случено со нејзината мајка. Агата е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања. Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ѝ овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14436

9. „Тото мачката-нинџа и мистериозниот крадец на накит“ од Дермот О’Лири

Мачката-нинџа Тото и нејзините пријатели се во неволја! Најспектакуларниот животински накит во светот е сместен и чуван под клуч во Лондонската кула. Но, кога Тото оди во посета на Кулата, некој го украл накитот, а за тоа го товарат нејзиниот шеф – Лери! Дали Тото и нејзините пријатели ќе можат да ја разрешат мистеријата и да му влезат во трагата на вистинскиот крадец?

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14799

10. „Размислувај како гениј“

„Размислувај како гениј“ помага да се подобри меморијата и концентрацијата, да се активираат логичките процеси на учење, да се развива имагинацијата и креативноста. На половина пат помеѓу прирачник и разиграна лабораториска вежбанка, „Размислувај како Шерлок Холмс“ е патување низ раскажување, активности и игри со кои ќе откриете како да го вежбате својот ум за набљудување, логика, концентрација и селективна меморија, следејќи ги трагите на најгенијалниот детектив на сите времиња.

Во интерактивниот книжевен серијал за деца и за возрасни од авторите Карло Карцан и Соња Скалко, „Умствени вежби, гениј“ застапени се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј“, „Размислувај како Шерлок Холмс“, „Размислувај како Леонардо да Винчи“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14694

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.29 MB