Топ листа

Инспиративни книги од Литература.мк за Меѓународниот ден на жената

08.03.2022.
Инспиративни книги од Литература.мк за Меѓународниот ден на жената

Силни жени се жени со книга в рака. Книгата е најмоќната „алатка“ во секоја битка. Таа е истовремено е најинспиративниот и најтраен подарок што можеме да го подариме некому, но и себеси.

Во чест на Меѓународниот ден на жената – 8 Mарт, денот кога во целиот свет се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, ви претставуваме листа со предлог-книги за најважните жени во вашиот живот. На овој значаен ден, подарете биографии, мотивациски книги, стихозбирки, раскази и инспиративни книги за деца, наменети за жените од сите генерации.

На 8 март се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. На овој датум, во 1857 година во Њујорк почнал штрајкот на работниците во фабриките за текстил, барајќи подобри услови за работа за жените. На истиот ден, на истото место, 51 година подоцна, жените повторно побарале права. Во штрајкот од 1908 година, работниците биле затворени во фабрика, од која не можеле да излезат. Притоа, избил пожар во кој пострадале 129 жени. Во знак на сеќавање на овој настан, една година подоцна, по првпат е одбележан 8 Март. На втората меѓународна конференција во Москва, во 1921 година, одлучено е на 8 март светот да се потсетува на долгогодишната женска борба. Бројката 8 симболично ја означува борбата за воведување на осумчасовно работно време...

Драги дами, среќен 8 Март! Продолжете да го менувате светот, читајќи, но и пишувајќи книги.

Во продолжение е листата со топ 20 предлози на книги во издание на „Арс Ламина“, а достапни во книжарниците „Литература.мк“ и www.literatura.mk.

1. „Стоте највлијателни жени во историјата“

Приказните на најинвентивните и најинспиративните жени во историјата се собрани во книгата „Стоте највлијателни жени во историјата“ во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се на врвот на листата со книги од полиците на „Литература.мк“ со кои го одбележуваме Меѓународниот ден на жената (8 Март).

Оваа мала збирка ги открива најинвентивните и најинспиративните жени во историјата: од Клеопатра до Роза Паркс, од Ада Лавлејс до Малала Јусафсај. Низ историјата, жените храбро и неуморно се бореле за да се наметнат како индивидуи и експерти во својата област, нешто за што повеќето мажи го имале луксузот да си го земаат здраво за готово. Инвентивни дизајнерки, вселенски истражувачки, пилотки, политички активистки и феминистки, уметници, професорки, владетелки и лидерки. Сите овие инспиративни жени имаат нешто заедничко: сите се борци, кои продолжуваат да нè инспирираат во нашите современи животи. Ова е причината зошто тие заслужуваат јавно признание и зошто тие се релевантни денес, исто како што биле и некогаш.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13282

2. „Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан

Оваа книга дава свеж поглед на моќта и потенцијалот на жените: духовити, дигитално писмени и исклучително неспокојни. Идејата потекнува од колумната насловена како „Будалеста зрелост“ од која подоцна Ривкин и Мекмикан ја развија истоимената интернет-страница за да го променат имиџот на средната доба, како контраудар на угнетувањето базирано на вежби, рецепти и сосредоточеност на шпоретот. Значи, ова е книга полна со совети како да се води „несовршен живот“. Опсегот на теми со кои се занимаваат тие е голем – од кариерата до мајчинството, од сите сеќавања и искуства што си ги собрала до грешките што си ги правела, оние поради кои жалиш и оние на кои си благодарна, од држењето диети и диктатот како треба да изгледаш до конечното ослободување. Ова не е прирачник за тоа како да живееш и што да правиш, главната порака е: не сме совршени, но тоа е океј. Животот и не е толку лош кога знаеш дека и другите се во истиот сос.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14750

3. „Храбри наместо совршени“ од Решма Саџани

Во книгата инспирирана од нејзиното популарно излагање на ТЕД-ток, Решма Саџани ги охрабрува жените и девојките да ги прифатат несовршеноста и храброста. Замислете си дека живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на „Инстаграм“ или што мислат комплетните туѓинци за вас. Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се раскинувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочувањето со секоја одлука, сте го избрале похрабриот пат? Повеќето од нас се чувствуваат скршени од товарот на нашите сопствени очекувања. Се исцрпуваме себеси, обидувајќи се да ги задоволиме сите, цело време. Си го нарушуваме сонот, размислувајќи да не сме навредиле некого, кои можности да ги пропуштиме затоа што ќе нè извадат од нашата зона на комфорот и како по секоја цена да избегнеме одбивање.

Постои причина зошто се однесуваме на овој начин, вели Решма. Како девојчиња, нè учеа да играме на безбедна карта. Родителите и наставниците нè фалеа затоа што сме тивки и учтиви, нè предупредуваа да бидеме внимателни за да не бидеме повредени и нè насочуваа на активности на кои можеме да блеснеме. Проблемот е дека совршеното девојче расте во жена која се плаши да потфрли. Време е да престанеме да дозволуваме нашите стравови да ги потопат нашите соништа и да го стеснат нашиот свет, заедно со нашата шанса за среќа.

Со избирањето храброст наместо совршенство можеме да најдеме сила да го зацврстиме нашиот глас, да го оставиме зад себе она што нè прави несреќни и да тргнеме по работите што вистински и страсно ги сакаме. Совршенството можеби нè поставува на патеки на кои се чувствуваме безбедно, но храброста нè води до оној пат што автентично треба да го следиме.

Во „Храбри наместо совршени“, Решма споделува моќни согледувања и искуства со кои ќе ни помогне да ја надминеме нашата обука за совршено девојче и да ја направиме храброста наша доживотна навика. Со тоа што ќе станеме храбри наместо совршени сите можеме да станеме креатори на нашиот најхрабар и најсреќен живот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14374

4. „Фурам феминизам“ од Ламија Бегагиќ, Марина Величковиќ

Зошто мама раскрева дома, а не тато? Зошто го носам презимето на тато, а не на мама? Зошто знаеме повеќе за спортисти и научници отколку за спортистки и научнички? – ова се само некои од илјадниците прашања што од името на сите девојчиња ги поставува лик-ИЦА, хероината на оваа книга. „Никогаш не е прерано за феминизам. Драги девојчиња, ако размислувате од каде да почнете, ова е одлично место“ – Наѓа Духачек.

„Лекции што можеби нема да ти помогнат да ги имаш сите петки, ама ќе ти помогнат да го направиш светот поправедно и подобро место за тебе и за твоите пријателки. А првата и најважна лекција гласи: не постои ништо, ама баш ништо што девојчињата не би можеле, не би смееле или би морале да го направат – само затоа што се девојчиња!“ – Тамара Заблоцки.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14407

5. „Becoming: Мојата приказна“ од Мишел Обама

Мемоарите на г-ѓа Обама се поделени во три дела: „Како настанав јас“, „Како настанавме ние“ и „Како настанавме уште повеќе“, а во нив пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.

– Сè уште има многу нешта што не ги знам за Америка, за животот, за сето она што иднината би можела да го донесе. Но, се познавам себеси. Татко ми Фрејзер ме научи напорно да работам, често да се смеам и да си стојам на зборот. Мајка ми Мириан ми покажа како да размислувам со своја глава и како да го користам ставот што го имам. Тие двајцата заедно, во нашиот збиен стан во чикашкиот Саут Сајд, ми помогнаа да ја согледам вредноста што ја има во нашата приказна, во мојата приказна, во пошироката приказна на нашата земја. Дури и кога таа приказна не е ниту убава ниту совршена. Дури и кога таа приказна е пореална отколку што сакате да биде. Вашата приказна е нешто што го имате, нешто што ќе го имате засекогаш. Таа е нешто што го поседувате – вели педесет и петгодишната Мишел Обама во книгата.

Првата Афроамериканка во улога на прва дама на САД ја создаде најпристапната и најинклузивна Бела куќа во американската историја. Стана влијателен застапник на правата на жените во Америка и во светот, драстично менувајќи ги навиките на просечните семејства во насока на водење поздрав и поактивен живот, притоа стоејќи покрај својот сопруг во најдраматичните моменти во американската политика.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13478

6. „Вистините во кои веруваме“ од Камала Д. Харис

Ова е книга за најсуштествените вистини што нè обединуваат и за долгата борба да се сознае кои се тие вистини и како најдобро да се дејствува според нив, прикажани преку личниот живот и низ сите сегменти на животот во САД, на жената која е еден од најинспиративните американски политички лидери. „Додека нашата демократија се соочува со сеопшт напад што не личи на ниту еден друг напад на кој сме посведочиле досега во животот, мораме да запомниме дека нашиот систем функционира тогаш кога луѓето на кои Соединетите Американски Држави им се важни, ќе се исправат и ќе почнат да учествуваат. Секој ден си поставувам задача: да бидам дел од решението, да бидам радосен борец во битката за душата на земјава. Вам ви поставувам задача да ми се придружите во тие напори. Да не креваме раце, зашто време е да засукаме ракави. Затоа што години отсега, овој момент веќе ќе биде минато. А, нашите деца и внуци ќе нè прашуваат каде сме биле кога влоговите биле толку високи. Ќе нè прашаат како било. Не сакам да им раскажувам како сме се чувствувале. Сакам да им раскажувам што сме сториле.“

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14539

7. „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Во фокусот на романот е возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, која конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант за тоа, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега? Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ѝ е во ќор-сокак. И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера. Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ѝ ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како што приказната на Евелин се приближува кон крајот, така станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14712

9. „Дамски гамбит“ од Волтер Тевис

Осумгодишното сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат, размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола. На 16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на Отвореното првенство на САД. Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива. На овој роман е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14527

10. „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“ од Кели Хармс

Преоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ѝ треба пауза. Па, кога ќе се појави нејзиниот сопруг кој ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк. Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие. Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност, и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудливо ново поглавје од нејзиниот живот или да се врати на животот што го оставила зад себе.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14487

11. „Лулу“ од Јана Мишо

Хумор, метал и книжевен салон во приказна за девојка која работи во една од последните класични ковачници во градот. Откако ќе избега од животот до кој не може да си објасни како стигнала, Лулу решава да се затвори над чекан и наковална, без некоја посебна возбуда и, се разбира – не ѝ успева. Влегува во свет на преиспитување, самобендисани автори и Гертруда Стајн. На лажни и вистински луѓе, на неочекувани ракописи и комплицирани односи. Приказна во која жените немаат време да размислуваат дали живеат во машки свет, напротив – сами се спасуваат.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14547

12. „Градината на олеандрите“ од Роза Вентрела

Во градината на една куќа во Карбонара, во Апулија, цвета олеандер. Го насадува Агостино, кога се преселува таму со неговата сопруга Анита, позната како „Марџала“.

Жена со ретка и мистична убавина, Марџала има моќ да ги смири болките кај новороденчињата, претставува скапоцена помош при раѓање и, доколку е потребно, е во состојба да отстранува клетви. Има три ќерки: Розета, Корнелија и Дијаманте, која е најмладата. Првата е убава и дива како и таа. Втората има коса со боја на мед и истите светли, продорни очи на нејзиниот татко. Од друга страна, Дијаманте е полничка, со виткана и нескротлива коса и е своеглава. Со постојано остар и прониклив поглед, речиси никогаш не препуштајќи се на нежност, со текот на годините Марџала станува сведок на смртта на нејзиниот сопруг, на почеток на војна и на растењето и созревањето на нејзините ќерки, со нивните несреќни љубови, горливи страсти, горчливи разочарувања. Смирувачкото присуство на Марџала, обвиткано со нејзината непробојна тишина, е постојано тука да ги надгледува, дури и спроти најнепредвидливата судбина... Семејна сага за испреплетените судбини на четири храбри и уникатни жени. Мирисот на волшебната земја, Апулија.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14715

13. „Последната од девојките Месечини“ од Барбара Дејвис

Лизи Месечина никогаш не ја сакала фармата на девојките Месечини. Пред осум години, таа ја напуштила земјата за која се грижеле девет генерации надарени исцелителки, решена да се дистанцира од гласиштата за чудното наследство на нејзината фамилија. Но, кога ќе почине нејзината сакана баба Алтеа, Лизи мора да се врати и да се соочи со трагедијата што виси над исушените полиња со лаванда: нерешените убиства на две млади девојчиња и грубите обвинувања што ја следеле Алтеа до нејзиниот гроб. Лизи не сака ништо друго освен да ја продаде фармата и да се врати на својот живот во Њујорк, сè додека не го открие дневникот што Алтеа го оставила за неа – Книгата на спомените што треба да ѝ помогне на Лизи да ги прифати своите специјални дарби. Кога повторно ќе се поврзе со Ендру Грејсон, еден од ретките во градот кој верувал во невиноста на Алтеа, таа решава да го исчисти името на нејзината баба. За да го стори тоа, таа треба да реши дали може да го прифати нејзиното наследство и дали ќе ги следи стапките на сите девојки Месечини пред неа.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14752

14. „Три желби“ од Лијан Моријарти

„Три желби“ е бестселер на „Њујорк тајмс“ и е првиот роман на Лијан Моријарти. Лин, Кет и Џема Кетл, прекрасни триесет и тригодишни тројни близначки, се чини го привлекуваат вниманието каде и да се појават. Кога се заедно, се чини како постојано да ги следат смеата и драмата, но, со тоа, тука се и неволите, додека секоја посебно си води и своја битка со личните подеми и падови.

Лин си го организира животот според еден голем список што си го прави самата, Кет дознава вчудовидувачка тајна за нејзиниот брак, а Џема, која ја прекинува секоја врска кога ќе дојде до шестиот месец, конечно почнува да се надева на трајна љубов.

Во овој умно напишан и духовит роман, ги следиме сестрите Кетл низ нивната бурна триесет и трета година во нивниот вител од ривалства и тајни, откритија и врски, неверни сопрузи и незамисливи одлуки и неверојатниот, но неретко и фрустрирачки живот што со себе го понесува тоа да си засекогаш дел од трио.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14713

15. „Не си сама“ од Грир Хендрикс и Сара Пеканен

Авторскиот тандем Грир Хендрикс и Сара Пеканен во својата нова книга „Не си сама“ повторно „носат“ неверојатен, неочекуван психолошки трилер, што влезе и во потесниот избор во категоријата „најдобра мистерија и трилер“ на најчитаната интернет-страница за книги „Гудридс“ (goodreads.com).

Шеј Милер сака да најде љубов, но таа ја заобиколува. Сака да биде исполнета, но нејзината работа оди кон ќор-сокак. Сака да припаѓа некаде, но нејзиниот живот станува сè повеќе осамен.

Тогаш Шеј ги сретнува сестрите Мур. Касандра и Џејн живеат гламурозен и совршен живот и секогаш го добиваат она што го сакаат. Кога ќе ја внесат Шеј во нивниот круг на познајници, сè изгледа подобро. Шеј би умрела за тие да ја прифатат, а можеби и ќе мора да го направи тоа...

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14503

16. „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс

Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ѝ оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што на Одил ѝ е мило, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент. Годината е 1983-та, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ѝ оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ѝ одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ѝ го сменат животот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14544

17. Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња – дел 1 и 2

„Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ – дел 1 и 2 од Елена Фавили и Франческа Кавало се книги за деца и за возрасни во кои се вклучени сто приказни за добра ноќ, за животот на сто неверојатни жени од минатото и од сегашноста, илустрирани од 60 женски уметници од целиот свет. Оваа книга ги инспирира девојчињата со приказни за големи и силни жени, од Елизабета Прва до Серена Вилијамс. Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку се приказни за вистински жени од минатото и од сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Бунтовни девојки чиишто дејства го смениле текот на историјата. Сликарки, научнички, танчарки, врвни готвачки, астронаутки, џез-пејачки, фараонки, боксерки, писателки, политички водачи... од сите краишта на планетата! Ова е збирка од приказни што ќе ги инспирираат девојчињата (и нивните мајки, тетки, братучетки...) да бидат самоуверени, да сонуваат за големи нешта и да се развиваат во силни, цврсти, успешни личности.

Книгите можат да се нарачаат на страницата „Литература.мк“ на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8663

18. „Мала книга за Мерилин“ од Мишел Морган

Нека блесне твојата внатрешна Мерилин! Водич за живот и оддавање почит на стилот, гламурот и моќта да забавува на најголемата холивудска икона, „Мала книга за Мерилин“ нуди инспиративни лекции од Монро за денешните жени. Внатре ќе најдете: Упатства за тоа како да изгледате како ѕвезда; совети за стил и каде да најдете парчиња облека во стилот на Мерилин; Идеи за декорирање од нејзиниот дом; Секојдневна инспирација од животот на Мерилин; Сеќавања на обожаватели, прекрасни фотографии и многу повеќе!

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14355

 

19.„Јас сум Малала“ – Малала Јусафсај од Кристина Лемб

Ова е книга за девојката која што се бореше за образование и беше застрелана од Талибанците. Јас сум Малала е извонредна приказна за едно семејство, оттргнато од своето огниште од страна на глобалниот тероризам, за борбата за образование на девојките, за татко кој, и самиот сопственик на училиште, ја поддржувал и ја охрабрувал ќерка си да пишува и да оди на училиште и за смели родители, кои негуваат силна љубов кон својата ќерка во едно општество што повеќе ги цени синовите. Јас сум Малала ќе ве натера да верувате во моќта на гласот на една личност за поттикнување промена на светско ниво.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

20. Природно убави со Биодевојка“ од Вики Андонова

Оваа книга содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и коса, што можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна. Правењето природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава, туку значи и правење козметички производи коишто се свежи (направени во моментот) и богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и убавината на кожата и косата.

Книгата е достапна за нарачка на страницата на „Литература.мк“ на следниот линк.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.37 MB