Оваа книга
содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и на коса, кои
можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични,
функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки
што веќе ги имате во вашата кујна.
Правењето
природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за
заштеда и забава, туку значи и правење козметички производи коишто се свежи
(направени во моментот) и богати со активни состојки кои се од огромно значење
за здравјето и убавината на кожата и косата.