Осумгодишното
сираче Бет Хармон е тивко и повлечено девојче со невпечатлива појава. Така е сè
додека не ја изигра првата партија шах. Нејзините сетила се изоструваат,
размислува појасно и првпат во животот чувствува дека има контрола.
На
16-годишна возраст, таа веќе се натпреварува на „Отвореното првенство на САД“.
Но, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот,
нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива.
Роман
на којшто е базирана истоимената мегапопуларна ТВ-серија на „Нетфликс“.