Издавачката куќа „Арс Ламина“ неодамна објави повеќе изданија, меѓу кои и многу бестселери, од различни жанрови достапни во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на веб-страницата www.literatura.mk. Покрај шесте романи од кралицата на мистеријата, Агата Кристи („Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во Ориент експрес“, „Смрт на Нил“ и „Зло под сонцето“) и четирите дела на култниот писател Милан Кундера („Шега“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“ и „Смешни љубови“) изборот е проширен и со уште многу други популарни дела.
Фикција
„Мојата мрачна Ванеса“
„Мојата мрачна Ванеса“ влезе во финалниот избор за најдобра фикција на големиот избор на една од најпознатите веб-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Сега добива и свој македонски превод во издание на „Арс Либрис“ и е достапна во книжарниците „Литература.мк“. Авторка е Кејт Елизабет Расел, а делото влезе и во финалниот избор за најдобар дебитантски роман. Во книгата се истражува психолошката динамика на односот помеѓу паметна, но наивна тинејџерка и нејзиниот брилијантен, но и манипулативен учител.
Раскажана во временски период од пет децении, „Холандската куќа“ од авторката Ен Пачет е мрачна бајка за двајца паметни луѓе кои не можат да го надминат минатото. И покрај секој проблесок на успех, тие, со доза на хумор и гнев, се враќаат на добро чуваната приказна за она што го изгубиле. Кога најпосле се присилени да се соочат со луѓето кои ги оставиле, врската помеѓу попустливиот брат и неговата заштитнички настроена сестра е конечно тестирана. Повеќе за овој роман може да погледнете на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14477.
Романса
„Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“
Во романот „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“ од Кели Хармс се зборува за преоптоварената и потценета самохрана мајка Ејми Бајлер на која ù треба пауза. Па кога ќе се појави нејзиниот сопруг што ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк. Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие. Повеќе информации за книгата на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14487.
„За пет години“
„За пет години“ на Ребека Серл го поставува прашањето „Каде се гледате себеси за пет години?“ Кога на врвната адвокатка од Менхетн, Дени Кохан, ѝ е поставено ова прашање на едно на најважните интервјуа во нејзиниот живот, таа веќе има подготвено совршен одговор. Подоцна, по одличното интервју и свршувачката со нејзиното момче Дени, легнува да спие знаејќи дека е на вистинскиот пат. Но, кога ќе се разбуди, таа се наоѓа во поинаков стан, со поинаков прстен на нејзината рака и покрај многу поинаков човек. Станува збор за истата ноќ, 15 декември, но пет години во иднината...
„Не си сама“ е роман на познатиот авторски тандем Грир Хендрикс и Сара Пеканен, кој, исто така, стои и зад бестселерот „Анонимна девојка“ што веќе е објавен од „Арс Ламина“. Шеј Милер сака да најде љубов која ја заобиколува. Сака да биде исполнета, но нејзиното работно место е слепа улица. Сака да припаѓа некаде, но е осамена сè додека не ги сретне сестрите Касандра и Џејн кои ѝ даваат сè за што таа копнее. Шеј би умрела за да ја сакаат, а можеби и токму тоа ќе мора и да го направи. Повеќе за делото прочитајте на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14503.
„Има ли сè уште секс во градот?“
„Има ли сè уште секс во градот?“ доаѓа 20 години по објавувањето на светски популарниот бестселер „Сексот и градот“ на авторката Бушнел. Таа малку го преобликува пејзажот – животот не се случува исклучиво на Менхетн. Совршено приспособила сè на приказната за луѓето кои ја поминале педесеттата година од животот, но кои и понатаму излегуваат, се забавуваат, лудуваат... Повеќе за оваа книга дознајте на линкот: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14471.
Авторка на „Безнадежно“ исто така е дело на Колин Хувер. Лажни вистини и вистински лаги во тајните ходници на животот на седумнаесетгодишната Скај. Приказна навидум безнадежна за средбата помеѓу двајца млади луѓе која ќе ве врати во времето на вашата прва љубов. Освен во книжарниците „Литература.мк“, книгата може да ја нарачате на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11527.
Во „Изгубена надеж“, авторката на бестселери Колин Хувер открива што се случува во главата на Холдер во сите безнадежни моменти – и дали ќе го најде мирот што толку очајно му е потребен. Понекогаш во животот, ако сакаме да продолжиме понатаму, прво мора да копаме длабоко во нашето минато и да направиме промени. Повеќе за ова дело и за онлајн нарачка може да најдете на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14502.
Уште едно ремек-дело од авторката Колин Хувер. Не можејќи повеќе да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога планот за бегство не ù успева, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината и губењето на момчето кое го сака. Повеќе информации на https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14480.
Книгата „Драг Едвард“ од Ен Наполитано влезе и во потесниот избор во категоријата „фикција“ на изборот за најдобри дела во 2020 година на една од најпознатите светски веб-страници за книги „Гудридс“ (goodreads.com). Едно летно утро, дванаесетгодишниот Едвард Адлер, заедно со брат му, родителите и уште 183 патници е на летот од Њуарк до Лос Анџелес. Меѓу нив е и еден финансиски вундеркинд активен на „Волстрит“, млада дама која се соочува со несакана бременост, ранет авганистански ветеран, бизнис-тајкун и слободоумна жена која бега од својот маж. И тогаш – се урива авионот... Повеќе за ова дело прочитајте на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14465.
Хорор
„Сјаење“
„Сјаење“ претставува олицетворение на современиот хорор-роман и дава прониклив увид во едно растурено семејство, во мрачните ходници на душата и во човековата слабост. Талентот на Стивен Кинг не бил поблескав во ниту една книга. Ова дело доби и дополнителна почит кај публиката по филмската екранизација во режија на Стенли Кјубрик каде Џек Николсон и Шели Дувал ги толкуваат главните улоги. Македонскиот превод на „Сјаење“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Повеќе може да прочитате како и да ја нарачате книгата на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11560
Македонски изданија
Новото и надополнето издание на книгата „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ од неодамна може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk. Станува збор за издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е дело кое го отвора патот и помага полесно да се издржат и совладаат ходниците од една до друга врата. „Инспирирај се за промени“ е книга која ти помага да ја видиш светлината иако можеби во моментов гледаш темнина. Но, најважно од сè, е книга што ти помага да бидеш ТИ, без разлика со каков предизвик се соочуваш во моментов. Книгата е наменета за сите кои се заглавени во некој тунел, но и за оние кои се надвор од тунелот, едноставно за сите кои сакаат подобро утре, вели авторката Радмила Костова-Мила.
„Што ја натерало Мис Стон да го подари мајчиниот прстен?“ е само едно од големите прашања на кои авторот Мишо Китаноски дава свој, до некаде фиктивен одговор, во збирката раскази „Прстен и парфем“. Меѓу преостанатите прашања на кои писателот Китаноски дава свој одговор се и: „Како се спасил од стрелање Мирослав Крлежа?“ и „Зошто доктор Арчибалд Рајс посакал неговото срце да почива на Кајмакчалан?“, „Дали со козите на Лазар Колишевски почна иселувањето на македонските села?“; „Како стигнала Сара Бернар да им пее на војниците пред да тргнат на Македонскиот фронт во Солун?“; „Што ја спречувало Мара Бунева да го повлече чкрапецот и да убие?“ и други. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14493.
Во оваа книга првпат на едно место можете да ги пронајдете двете драми на Душко Трифуновски – „Слана“ и „Јазол“ – инаку веќе автор на романот „За два дена рече ’Да‘“. Станува збор за две драми што создаваат совршена целина и треба да се читаат како два дела на една иста приказна. Оваа книга може да ја нарачате и онлајн на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14494.