Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Прстен и парфем

Мишо Китаноски.  




Оригинален наслов на книгата : Прстен и парфем
ИСБН : 978-608-267-020-1
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 72
Димензии : 145х205
Корица : мека



Краток опис

Збирката раскази Прстен и парфем ни открива многу непознати нешта за личностите споменати во оваа книга, а кои вистински постоеле и оставиле трага со своето постоење. И настаните во кои учествувале се (делумно) автентично пренесени, а литературниот наратив е фундиран врз авторовата определба дека пишувачот не треба да раскажува, туку напротив – само да кажува. Неговото кажување, пак, открива еден чудесен литературен свет што се протега во овие осум раскази-приказни.

***

Што ја натерало мис Елен Стон да го подари мајчиниот прстен? Како се спасил од стрелање Мирослав Крлежа и зошто доктор Арчибалд Рајс посакал неговото срце да почива на Кајмакчалан? Како стигнала Сара Бернар да им пее на војниците пред да тргнат на Македонскиот фронт во Солун? Што ја спречувало Мара Бунева да го повлече чкрапецот и да убие? Како сталинизмот бил поразен на писмена работа по мајчин јазик? Дали со козите на Лазар Колишевски почна иселувањето на македонските села?

Многу зошто и многу како, но доволни за задоволување на страста за читање...



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците