Ново

По повод Денот на Исидора Мун, Арс Ламина со три нови изданија од популарниот детски серијал

22.02.2021.
По повод Денот на Исидора Мун, Арс Ламина со три нови изданија од популарниот детски серијал

По повод Денот на Исидора Мун, авторката на овој серијал, Хариет Мункастер денес одржува и „лајв стрим“ врзан за нејзиниот популарен серијал посветен на девојчето чиј татко е вампир, a нејзината мајка е самовила. Издавачката куќа „Арс Ламина“ неодамна објави и три нови изданија за Исидора кои доаѓаат по осумте кои се веќе достапни. Сите единаесет книги за оваа невообичаена млада хероина, преведени и на македонски јазик, се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на веб-страницата www.literatura.mk

Исидора е специјална затоа што е поинаква, но таа се гордее со тоа. Сепак, со родители како нејзините, секојдневието не секогаш се движи според планот. Во продолжение може да дознаете нешто повеќе за секое издание од серијалот за Исидора Мун кое е достапно и на македонски јазик. Овие книги се совршено четиво особено за деца на возраст од пет до осум години.

Трите нови изданија кои може да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ се:

„Исидора Мун настапува на шоу“

Време е за вампирскиот бал и Исидора го очекува со нетрпение. Но, има еден проблем: треба да се натпреварува во талент-шоу со други деца на вампири. Дали другите ќе ја исмеваат? Шоуто мора да продолжи, но дали Исидора ќе биде доволно храбра за да настапи.

„Исидора Мун оди на одмор“

Кога Исидора ќе освои прекрасен одмор за целото семејство, таа е подготвена за сонце, море и песок! Но, мора да се потрудат кога таа и нејзината пријателка-сирена Марина ќе откријат малечка желка во неволја. Дали Исидора може да ù помогне на желката да го најде својот пат до дома?

„Исидора Мун оди на преспивање“

Кога Исидора е поканета кај нејзината пријателка на преспивање, таа е многу возбудена. Ќе има полноќни гозби, разговори до доцна во ноќта и сè ќе биде толку интересно. Додека е таму, таа и нејзината другарка ќе ја подготвуваат тортата за натпреварот во училиште. Дали ќе одолеат на желбата да додадат малку магија во нивната креација?...

Исидора Мун оди на екскурзија

Исидора заедно со соучениците заминува на екскурзија во стар замок. Замокот е малку чуден, а грмежите надвор едноставно не помагаат. Додека Исидора истражува, наидува на интересен нов пријател. Тој е различен како и таа, но Исидора се обидува да го претстави на нејзините другари без да ги шокира.

Исидора Мун оди на панаѓур

Исидора со нетрпение ја очекува нејзината прва посета на панаѓурот, но кога ќе пристигне таму, не е ни приближно толку волшебно како што очекува. Можеби едно благо замавнување со волшебното стапче или, пак, капка волшебна напивка би можела да го направи панаѓурот навистина спектакуларен... Што би можело да тргне наопаку?

Исидора Мун запаѓа во неволја

Исидора сака да го однесе Розовото зајаче на училиште на денот „Донеси го своето милениче“, но нејзината постара братучетка Мирабела има многу подобар план – зошто да не однесе змеј?

Исидора Мун прави зимска магија

Исидора обожава да си игра на снег, особено кога нејзините снежни фигури оживуваат! Но, снежната магија не може да трае засекогаш. Ќе успее ли Исидора да ги спаси своите нови другарчиња пред да се стопат?

Исидора Мун оди на кампување

Па, кога сите заедно ќе отидат на кампување на море, можат да се случат некои работи што не се баш вообичаени... Од печење шеќерлеме на логорски оган до спријателување со сирена – посебни нешта се случуваат кога е вклучена Исидора!

Исидора Мун оди на балет

Исидора обожава балет, особено кога е облечена во нејзиното црно блескаво фустанче и едвај чека да оди на вистинска балетска претстава заедно со нејзините соученици. Но, кога се крева завесата, каде е Розовото зајаче?

Исидора Мун оди на училиште

Ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче. Кога доаѓа време Исидора да тргне на училиште, таа не е сигурна каде припаѓа – во училиштето за самовили или во училиштето за вампири?

Исидора Мун слави роденден

Исидора обожава да оди на детски роденденски забави и сега ќе има и сопствена роденденска забава! Но, кога роденденската забава ја организираат мајка ù (самовила) и татко ù (вампир), забавата нема да биде како оние на кои била досега.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
09.
Mar.
Вести
Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и про...
04.
Mar.
Ново
За сите кои сакаат да се хранат здраво или постат, излезе од печат уникатниот посен готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски.
24.
Feb.
Ново
Пет книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB