Топ листа

Топ 10 најпродавани книги од Литература.мк во јуни

06.07.2022.
Топ 10 најпродавани книги од Литература.мк во јуни

Бестселерот на „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“ и „Ју-ес-еј тудеј“, „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс, кој на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, е најпродаваната книга во книжарниците „Литература.мк“, во јуни. На почетокот на летото меѓу најбараните наслови се: историско-фантастичниот роман „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб, „Исповеди“ од бестселинг авторката Колин Хувер, романот „Заеднички стан“ од Бет О’Лири и „Неподносливата леснотија на постоењето“ од Милан Кундера.На топ листата со најпродавани изданија од областа на фикцијата е и детективскиот роман од Агата Кристи, „Мистериозниот случај во Стајлс“, првата книга од серијалот за крадецот-џентлмен од Морис Леблан – „Извонредните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“, трилерите: „Наследство на шпионите“ од Џон Ле Каре и „Минхен“ од Роберт Херис, како и историскиот роман „Белата тврдина“ од Орхан Памук. Во продолжение се содржините на најбараните изданија.

1. „Париската библиотека“ од Џенет Скеслин Чарлс

Годината е 1939, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ѝ оди од рака: ја добива својата работа од соништата во Американската библиотека во Париз и почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол, кој ја сака и ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија секавично напредува во војната, а Париз е под опсада и преполн со нацистички војници. Сè што ѝ е мило на Одил, вклучувајќи ја и Американската библиотека, може да исчезне секој момент. Годината е 1983, а местото е малото гратче Фројд во Монтана. На тинејџерката Лили ништо не ѝ оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го освои момчето кое го посакува, а мајка ѝ одеднаш тешко се разболува. Но, тука е нејзината софистицирана и образована сосетка со странско потекло со која полека се зближува. Таа со нејзиниот ум и со нејзиното однесување отскокнува од здодевното секојдневие на малиот град, а нејзиниот живот и минатото се обвиткани со мистерија и тајни. Лили не знае колку тие тајни засекогаш ќе ѝ го сменат животот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14544

2. „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб

„Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и на уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него. Приказната почнува во Франција во 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ѝ ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети. Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети...

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14870

3. „Исповеди“ од Колин Хувер

На дваесет и една година, Обурн Рид веќе изгубила сè што ѝ е важно. Во својата борба одново да си го изгради урнатиот свет, таа си ги зацртува целите и нема простор за грешки. Но, кога влегува во едно уметничко ателје во Далас, барајќи работа, таа не очекува да се појави длабока привлечност кон таинствениот уметник кој работи таму, Овен Гентри. Обурн ризикува првпат и си го препушта срцето да ја води, само за да открие дека Овен чува голема тајна да не излезе на виделина. Обемот на неговото минато се заканува да го уништи сето она што ѝ е важно на Обурн и единствениот начин таа да си го врати животот е да го отфрли Овен од себе.

За да ја спаси нивната врска, сè што треба да направи Овен е да се исповеда. Но, во овој случај, исповедта може да биде многу подеструктивна од самиот грев.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14357

4. „Заеднички стан“ од Бет О’Лири

Тифи и Леон делат стан. Тифи и Леон делат кревет. Тифи и Леон никогаш не се сретнале...

На Тифи Мур ѝ треба евтин стан, и тоа итно. Леон Туми работи ноќе и му требаат пари. Нивните пријатели мислат дека се луди, но тоа е совршено решение: Леон живее во станот со еден кревет додека Тифи работи преку ден, а таа го има станот преостанатото време.

Со опсесивни поранешни партнери, со комплицирани клиенти на работа, со погрешно обвинет брат и, секако, фактот дека сè уште не се сретнале, тие откриваат дека ако сакаш совршен дом, треба да го фрлиш правилникот низ прозорец.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14424

5. „Неподносливата леснотија на постоењето“ од Милан Кундера

Во „Неподносливата леснотија на постоењето“, Милан Кундера ја раскажува приказната за една млада жена вљубена во маж кој е растргнат помеѓу неговата љубов кон неа и неговата невоздржлива желба и по други жени, преплетена со приказната за една од неговите љубовници и нејзиниот понизно верен љубовник.

Овој извонреден роман меѓусебно сопоставува географски оддалечени места, понудува брилијантни и неверојатно интересни огледи и увиди и се карактеризира со вистинско богатство и оригиналност во поглед на стилот на пишувањето, со што за многумина го заслужува и пиететот најдобро и најпретставително дело на Кундера како романописец.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14522

6. „Мистериозниот случај во Стајлс“ од Агата Кристи

Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од нејзиниот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш. Едно утро Емили ја наоѓаат мртва, со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија. Се работи за очигледно убиство, но со оглед на тоа што нејзината соба е заклучена однатре, не се знае кој успеал да го стори злосторството. За Херкул Поаро мотивот за убиството на Емили Инглторп е нејзиното богатство, а осомничени се речиси сите од домаќинството: нејзиниот млад сопруг Алфред Инглторп, посиноците Џон и Лоренс Кавендиш, како и Мери, сопругата на Џон, Синтија, штитеничката на Емили, и Евелин, нејзината верна придружничка. Романот „Мистериозниот случај во Стајлс“, објавен во 1920 година, е првиот роман на Агата Кристи во кој се среќава ликот на Херкул Поаро, каде што тој на брилијантен начин ќе успее да поведе истрага и да го реши ова убиство.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14481

7. „Извонредните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“ од Морис Леблан

Првата книга од серијалот за легендарниот џентлмен крадец Арсен Лупен од францускиот писател Морис Леблан, објавена на англиски јазик со наслов „The extraordinary adventures of Arsène Lupin, gentleman-burglar“, е меѓу најбараните книги и овој месец. Арсен Лупен е еден од најпознатите книжевни ликови, тој е џентлмен, но и елегантен крадец, криминалец – пандан на генијалниот британски детектив Шерлок Холмс. Врз основа на овој лик, стриминг-сервисот „Нетфликс“ на почетокот на оваа година ја реализираше француската ТВ-серија „Лупен“ со харизматичниот Омар Сај во главната улога. „Извонредните авантури на Арсен Лупен, џентлмен крадец“ е прва збирка раскази на Леблан што раскажува за авантурите на Арсен Лупен и е објавена во 1907 година. Toj е духовит човек полн со доверба – Шерлок Холмс за криминал. Сиромашните и невините немаат од што да се плашат; често тие профитираат од неговата спонтана великодушност. Богатите и моќни како и детективот кој се обидува да му ја расипе забавата, сепак мораат да внимаваат. Тие се мета на пакоста и одмаздата на Арсен.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14561

8. „Наследство на шпионите“ од Џон Ле Каре

Питер Гилам, лојален колега и ученик на Џорџ Смајли од британската тајна служба, позната како „Циркусот“, е пензионер и живее на семејната фарма на јужниот брег на Бретања кога добива писмо од неговата стара служба што го повикува во Лондон. Причината? Неговото минато од Студената војна се врати и сега си го наплаќа долгот. Разузнавачките операции што некогаш биле популарни во тајниот живот на Лондон, сега се испитувани од генерација која не се ни сеќава на Студената војна. Некој мора да плати за невината крв пролеана во име на поголемото добро.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13597

9. „Минхен“ од Роберт Херис

Хју Легат, британски дипломат во подем на служба во улицата „Даунинг“ бр. 10, е личен секретар на претседателот на владата Невил Чембрлен. Паул фон Хартман работи во Министерството за надворешни работи на Германија – а тајно е припадник на антихитлеровското движење на отпорот. Тие двајца биле пријатели на Оксфорд во дваесеттите години, но оттогаш немаат никаков контакт. Сега, затоа што Хју стигнува со авион како придружба на Чембрлен, а Хартман патува во Хитлеровиот воз од Берлин, нивните животи повторно ќе се вкрстат во Минхен, со навидум катастрофални последици. Роберт Херис прикажува настани со голема историска важност. На сцена ги извадил Хитлер, Чембрлен, Мусолини и Даладје и ги поставил во срцето на напнат, динамичен шпионски трилер за предавството и совеста, лојалноста и измамата, што се случува во периодот на судбоносната минхенска конференција во септември 1938 година.

Романот „Минхен“ е достапен за онлајн нарачка преку следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13589

10. „Белата тврдина“ од Орхан Памук

Еден млад Италијанец, кој патува од Венеција кон Неапол, е заробен од страна на отоманската флота и однесен во ропство во Истанбул. Таму, во јадрото на големата Империја, му е предаден на турскиот пронаоѓач наречен едноставно „учителот“, кој е негов идентичен двојник! Робот е принуден да го научи „учителот“ на сè што знае за науката, технологијата и медицината, но, исто така, и да му ги открие своите најдлабоки тајни.

„Белата тврдина“ е третиот роман на Орхан Памук, во кој на интересен и возбудлив начин се испреплетуваат историјата и фикцијата, Истокот и Западот, науката и војната – сè во обид да се одговори прашањето: Кој сум „јас“?

Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13669                           

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.28 MB