Во Неподносливата
леснотија на постоењето, Милан Кундера ја раскажува приказната за една
млада жена вљубена во маж кој е растргнат помеѓу неговата љубов кон неа и
неговата невоздржлива желба и по други жени, преплетена со приказната за една
од неговите љубовници и нејзиниот понизно верен љубовник.
Овој извонреден роман меѓусебно сопоставува
географски оддалечени места, понудува брилијантни и неверојатно интересни
огледи и увиди и се карактеризира со вистинско богатство и оригиналност во поглед на стилот на
пишувањето, со што за многумина го заслужува и пиететот најдобро и
најпретставително дело на Кундера како романописец.