Врз основа на популарната книга за деца „Матилда“, од еден од најдобрите британски писатели Роалд Дал, се снима нов истоимен мјузикл, во продукција на стриминг-сервисот „Нетфликс“. Главната улога на девојчето со бујна имагинација, Матилда Вормвуд, ќе ја толкува младата актерка Алиша Вир. Како злобната госпоѓица Транчбул ќе се појави познатата британска актерка Ема Томпсон. Во другите улоги се: Лашана Линч, Стивен Греам, Андреа Рајзборо, Синдху Ве и други. Филмската адаптација ја напиша Денис Кели, режијата е на Метју Варчус, а оригиналната музика и текстот се дело на Тим Минчин. Проектот е продуциран од Тим Беван и Ерик Фелнер од „Воркинг тајтл“ и Џон Фин и Лук Кели од „Роалд Дал стори компани“.
Се очекува филмот премиерно да биде прикажан на втори декември оваа година. Во меѓувреме беше објавен и првиот трејлер.
Во фокусот на приказната е Матилда Вормвуд, која има само пет години, но е генијалка. За жал, нејзините родители не го забележуваат тоа. Уште полошо, ужасната директорка на нејзиното училиште, госпоѓица Транчбул, е силеџика која ѝ го отежнува животот на учителката на Матилда, госпоѓица Хани, и на нејзините другарчиња. Но, она што госпоѓица Транчбул не го знае е дека Матилда има трик или два во ракавот.
Книгата „Матилда“ е во издание на „Либи“, дел до „Арс Ламина – публикации“. Покрај неа, досега на македонски јазик од Роалд Дал се објавени и „Огромниот крокодил“, „Чарли и фабриката за чоколада“, „Фантастичниот господин Лисец“, „Вештерки“, „Џејмс и џиновската праска“, „ГДЏ – Големиот добар џин“.
Книгите од Роалд Дал се достапен во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк: https://bit.ly/3n72cqg