Никогаш порано
немало компанија како „Нетфликс“. Таа изврши вистинска револуција во
индустријата на забава, остварувајќи милијарди долари профит и нудејќи им
забава на луѓето во повеќе од 190 земји. Но, за да ги достигне тие височини,
„Нетфликс“ требале одново и одново да се измислуваат себеси. Оваа неверојатна
флексибилност би била невозможна без контраинтуитивните и радикални менаџерски
методи на со-основачот, Рид Хејстингс. Тој поставил нови стандарди, ставајќи ја
инвентивноста пред процесите и нудејќи им на вработените контекст, а не
контрола.
Во
оваа книга, Рид Хејстингс и Ерин Маер – еден од највлијателните деловни
мислители на светот – навлегуваат длабоко во контроверзните идеологии кои на
„Нетфликс“ им донеле резултати на кои светот им завидува.