Ново migrirano

Дневник на прочитани лектири– бележник за книгите што ги читаат децата на летниот распуст

01.07.2022.
Дневник на прочитани лектири– бележник за книгите што ги читаат децата на летниот распуст

Летниот распуст, покрај одморот, забавата, патувањата, дружбата, е време за читање лектири. Секој има свој ритуал при читање: едни преферираат да читаат во тишина, за себе, други на глас, трети сакаат да споделуваат размислувања со своите родители или со другарчињата... Има и деца кои сакаат да запишуваат впечатоци за прочитаното. Тоа е одличен начин да се запомни книгата. Со бележење импресии, описи на ликовите, вадење на интересни мисли и слично, се олеснува процесот на совладување и запомнување на задолжителните лектири, но и книгите по свој избор. Некогаш доволна е мала асоцијација, кратка изјава или цртеж, за да се вратат спомените за прочитаната приказна.

Согледувајќи ја потребата за меморирање на најважните делови од книгите и следејќи ги барањата на младите читатели, издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт за детска литература „Либи“, го објави изданието „Дневник на прочитани лектири“.

При читањето лектири, дел од учениците се соочуваат со проблем при обработка на прочитаното дело. Затоа, најдобро е додека ја читаат лектирата да запишуваат и да водат дневник на читање. На тој начин ќе запишат и ќе запомнат најголем дел од делото, а обработката подоцна ќе им оди многу полесно. Оваа мала вежбанка ќе им помогне на младите читатели со тоа што има обрасци за обработка на десет дела, од различен род и вид: романи, драми, збирки раскази и збирки песни.

Овој нотес претставува мал личен дневник на лектирите што децата ги читаат или веќе ги имаат прочитано. Во него можат да ги прибележат најважните делови од книгата, омилените ликови или сцени, убавите мисли и некои убави реченици, па дури и свои размислувања додека ја читаат книгата.

Изданието, кое е дел од едицијата „Лесно читливо“, е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14777

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.89 MB