Погледнете го видеото на каналот „Читаме со Марија и Маги“ во кое Маги зборува за впечатоците од книгата „Тато, имаме приказна!“ од Александар и Гала Таковски. Станува збор за збирка приказни што е настаната во периодот од јануари 2014 година, кога малечката Гала немала ни пет години, до крајот на 2015 година. Приказните се настанати во процес на заедничка креација: измислување на главните ликови, креирање на заплетот, поставување проблеми и решенија – за на крајот тие креативни игри да бидат преточени во 14 необични и духовити приказни.
– Како го спроведовме рецептот – тоа беше само прашање на секоја згодна пригода за дружење во која заедно „навигиравме“ во нашиот фиктивен простор. Ќе почневме од иницијативата „Ајде да смислиме приказна“, ќе пропатувавме низ неколку прашања, расказни раскрсници, на пример: Кој да биде главен лик? Еж? Зајак? Санка? Џин? Што да биде неговиот проблем? Не може да лета, не знае да зборува шпански? Да пее високо це? Каде оди? Што прави? Како, на крајот, успева да го реши проблемот? Ова беше креативниот „ролеркостер“ низ кој се возевме јас и Гала, еден до друг, истовремено, рамноправно и, морам да кажам, генијално! – вели Таковски во предговорот.
По пишувањето на приказните, ликовите ги оживеала Гала преку веселите, шарени, прекрасно нацртани цртежи.
Оваа книга може да се купи во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк.