Вести

Издавачката куќа Арс Ламина со новогодишни донации за Меѓаши и за Црвен Крст – Кисела Вода

02.02.2021.
Издавачката куќа Арс Ламина со новогодишни донации за Меѓаши и за Црвен Крст – Кисела Вода

Следејќи ја својата хумана мисија, издавачката куќа „Арс Ламина“ на крајот на 2020 година додели новогодишни донации овој пат насочени кон две организации – Првата детска амбасада „Меѓаши“ и Црвениот крст – Кисела Вода. Богат избор на книги беа насочени кон деца кои се дел од социјално загрозени семејства, деца со посебни потреби, со оштетен слух, со спинална и мускулна атрофија, со вродени срцеви малформации, дисфункции, ретки болести и хендикеп итн.

Под слоганот „Подари пакетче, подари радост“ повеќе различни компании се вклучија во кампањата на Црвен крст – Кисела Вода каде што на 350 деца со ретки болести и деца од социјален ризик им беа дадени новогодишни подароци. „Арс Ламина“ донираше богата селекција на книги за деца и за младите читатели меѓу кои и „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска, „Скоро Парижанка“, „Јас сум Миа“ и „Миа во Амстердам“ од Јана Мишо и други. Сите донации собрани од Црвен Крст – Кисела Вода беа насочени кон ПОУ „Д-р Златан Сремец“; Здружение на деца со спинална мускулна атрофија; Здружение на лица со вродени срцеви малформации Q2; Здружение на деца со дисфункции, ретки болести и хендикеп „Дајте ни крилја“; деца од социјален ризик при с. Долно Количани; деца од социјален ризик при општина Сопиште, деца од социјален ризик при с. Патишка река; деца и младинци со оштетен слух при ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“; движење на родители на деца и лица со телесна попреченост НВО „ПРКОС“; Здружение на слепи и лица со оштетен вид, Скопје и деца и младинци со оштетен вид при ОУ „Димитар Влахов“.

Посебна донација беше реализирана во соработка со Првата детска амбасада „Меѓаши“ за социјално загрозени семејства низ целата земја. Издавачката куќа „Арс Ламина“ исто така донираше книги за деца и за млади меѓу кои „Изброј ги ѕвездите“ од Лоис Лаури, „Хари Потер и каменот на мудроста“ од Џ. К. Роулинг, „Бајки од Македонија“, „Фантастичниот господин Лисец“ и „Чарли и фабриката за чоколада“ од Роалд Дал и други изданија.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Nov.
Вести
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88...
27.
Sep.
Вести
На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградат...
12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
10.
Mar.
Вести
Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB