Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Изброј ги ѕвездите

Лоис Лаури  




Оригинален наслов на книгата : Number the stars
ИСБН : 978-608-259-765-2
Година на издавање : 2020
Издавачка куќа : Либи
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 112
Димензии : 140х200
Корица : мека



Краток опис

 „Колку си храбра, малечка Анемари?“ 

Годината е 1943, а за Анемари Јохансен, животот во Копенхаген е сложена смеса од обичното домашно и училишно секојдневие, недостигот од храна и постојаното присуство на нацистички војници на улиците. Храброста се чини како нејасна доблест, што ја поседуваат витези што убиваат змејови во приказните што ù ги раскажува на помалата сестра, Кирсти.

Додека германските трупи ја почнуваат мисијата за „релоцирање“ на сите Евреи од Данска, семејството Јохансен ја згрижува најдобрата другарка на Анемари, Елен Росен, претставувајќи ја како дел од семејството. Девојчињата живеат како сестри, сè додека не стане јасно дека треба да се стори нешто повеќе за да се спасат Елен, нејзиното семејство и сите Евреи од Данска.

Во оваа приказна за хероизмот на една цела држава, нарацијата за данскиот отпор и нивниот план да го прошверцува целото еврејско население од Данска – речиси седум илјади луѓе – преку море до Шведска е раскажана со гордост и со надеж низ очите на едно мало девојче.

Објавувањето на романот „Изброј ги ѕвездите“ од Лоис Лаури е реализирано во соработка со Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија.


 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците