Најнови изданија

Бело се пере на деведесет од Броња Жакељ е роман за растењето и за соочувањето со загубите

17.11.2021.
Бело се пере на деведесет од Броња Жакељ е роман за растењето и за соочувањето со загубите

Наградуваниот роман „Бело се пере на деведесет“ од словенечката авторка и новинарка Броња Жакељ излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Литера модерна“.

„Бело се пере на деведесет“ е шокантен, духовит и инспиративен роман, што ја бележи животната приказна на нараторката, која во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до денес. Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамките на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни. Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.

Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ѝ е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, „Бело се пере на деведесет“ (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година.

Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14758

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Oct.
Најнови изданија
Новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“, ќе биде промовиран на 31 октомври (четврток), со почеток во 19 часот,...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.42 MB