Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Бело се пере на деведесет

Броња Жакељ  




Оригинален наслов на книгата : Belo se pere na devetdeset
ИСБН : 978-608-267-277-9
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 198
Димензии : 145х205
Корица : мека



Краток опис

Бело се пере на деведесет е шокантен, духовит и инспиративен билдунгс-роман, што ја бележи животната приказна на нараторот, кој во прво лице раскажува за своето детство во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, па сè до неодреден ден во денешницата. 

Во нејзините живи спомени на детските денови има врволица од луѓе, роднини и пријатели и богат социјален живот, што повеќепати нескриено и со носталгија таа ги поврзува со животот во рамки на поранешната република, кога се организирале групни летувања, колективни зимски екскурзии и кога луѓето главно биле безгрижни.

Но, покрај тоа што овој роман во основата е наратив за растењето, истовремено е и соочување со загубите и со болеста, и го доловува напорот за припитомување на стравот и на сето она што не сакаме да го видиме додека не се соочиме со него неминовно.


Броња Жакељ (1969) е дипломирана новинарка по образование. Нејзината радост заради пишувањето останува некаде меѓу страниците на списанијата и во редакциите на дневните весници, па својот прв професионален ангажман ù е во секторот маркетинг, а денес работи во секторот банкарство. Со оглед на тоа што во финансиите нема многу креативност, а нејзината љубов кон пишувањето никогаш не ја напушти целосно, одлучува да го напише својот прв роман, Бело се пере на деведесет (2018), за кој ја добива престижната книжевна награда „Кресник“ за 2018 година



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците