Животната приказна на легендарниот американски композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн е во фокусот на „Нетфликс“. Снимањето на проектот наречен „Маестро“ почна деновиве, а се очекува да се емитува на стриминг-сервисот следната година. Главната улога ја толкува Бредли Купер, кој е и режисер на филмот. Покрај него, се појавува и Кери Малиган, која ја игра сопругата на Бернштајн, актерката Фелисија Монтелегре. Во другите улоги се Маја Хоук, Џереми Стронг итн. Еден од продуцентите на филмот е Стивен Спилберг.
Покрај музичкиот дел од биографијата, во филмот значајно место ќе има сложената љубовна приказна на Леонард иФелисија, која траела 30 години, од периодот кога се запознале, во 1946-та, по што следувале две свршувачки, три деца и брак од 25 години, сè до смртта на актерката.
Леонард Бернштајн (25 август 1918 – 14 октомври 1990) е меѓу првите диригенти родени и образовани во САД, кои добиле светски признанија. Според музичкиот критичар Доналд Енанхан, тој бил еден од најталентираните и најуспешните музичари во американската историја. Тој бил долгогодишен музички директор на Њујоршката филхармонија. Познат е по неговите изведби на концерти со најголем дел од светските водечки оркестри, како и по неговата музика за „Приказната од западната страна“, „Петар Пан“, „Кандид“ и други композиции. Бернштајн бил првиот диригент кој имал серија телевизиски предавања за класичната музика, почнувајќи од 1954 година, па до неговата смрт. Бил квалифициран пијанист, често изведувајќи пијано-концерти. Исто така, тој бил критична фигура во современото заживување на музиката на Густав Малер, композиторот за кој најмногу бил заинтересиран. Како композитор, тој создавал во многу стилови што опфаќале симфониска и оркестрална музика, балет, филмска и театарска музика, хорски дела, опера, камерна музика и дела за пијано. Многу од неговите дела редовно се изведуваат низ целиот свет.
Во 2018 година, по повод стогодишнината од раѓањето на Бернштајн, „Арс Ламина“ ја објави неговата биографија. Авторот на книгата Хемфри Бартон вели: „Каква ли предност имав пред кој било друг конвенционален биограф! Дискретно ја скривав сопствената блискост со Леонард Бернштајн, ограничувајќи се на фусноти во стилот ’Авторот бил присутен во таа пригода‘, меѓутоа како негов постојан соработник, 25 години бев интимно поврзан со Бернштајн и со неговите светови. Најмалку што можев да сторам за да му се одолжам на некој начин по неговата смрт беше да напишам негова биографија. Целта ми беше да создадам еден заокружен портрет на неговиот творечки и личен живот. Тој беше човек за кого музиката беше постојана, опсесивна нужност, сеедно дали како композитор, диригент, едукатор, пијанист или како писател. Во рубриката ’професија‘ од својот пасош се опишуваше себеси со еден збор: ’музичар‘. Музиката навистина беше неговиот живот, но неговиот живот беше многу повеќе отколку само музика“.
Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а може да се нарача и онлајн преку www.literatura.mk.
Останати коментари
odličan tekst
Hvala
Слични статии
Задолжителните колачиња ја прават страницата употреблива, односно овозможуваат основни функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Literatura.mk користи колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на нашата веб-страница за да овозможат одредени технички функции и за да обезбедат позитивно корисничко искуство. Повеќе информации за политиката за колачиња дознајте на линкот.
Статистичките колачиња со анонимно собирање и испраќање на податоци им помагаат на сопствениците на сајтовите да разберат како посетителите комуницираат со страната. Ова се колачиња кои овозможуваат Literatura.mk да прави веб анализи, т.е. анализа на користењето на нашата страна и мерење на посетеноста, која Literatura.mk ја применува за подобрување на квалитетот и содржината на понудените услуги. Повеќе информации за политиката за колачиња дознајте на линкот.
Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Тие се користат за прикажување на соодветни реклами за корисниците и нивно поттикнување да учествуваат, што е важно за издавачите и за рекламирањето на трети лица. Literatura.mk користи Google Analytics колачиња ads/ga-audiences и collect, и Facebook колачиња. Повеќе информации за политиката за колачиња дознајте на линкот.
Овие колачиња обично имаат датум на истек далеку во иднината и ќе останат во вашиот прелистувач додека не истечат, или додека не ги избришете рачно. Ние користиме постојани колачиња за функционалност, како што се "Останете најавени" tickbox, што го олеснува пристапот на корисникот како регистриран корисник. Исто така, користиме трајни колачиња за подобро разбирање на навиките на корисникот, за да можеме да ја подобриме веб-страницата според вашите навики. Оваа информација е анонимна – не ги гледаме поединечните кориснички податоци. Колачето што се користи е site_cookie_info и се чува една година. Повеќе информации за политиката за колачиња дознајте на линкот.