Интервјуа

Орце Нинески: Илустрирањето на бајката Сончевото момче Ил беше прекрасно искуство

15.06.2022.
Орце Нинески: Илустрирањето на бајката Сончевото момче Ил беше прекрасно искуство

По деценија работно искуство како историчар на уметност, Орце Нинески нашол нов животен предизвик – како самостоен уметник, сликар и графички дизајнер. За него, уметноста е исклучително предизвикувачка, привлечна и забавна. Неговиот стил е создавање илустрации и ликови кои се смешни, шарени и детално нацртани. Овој пристап е соодветен за илустрација на книги за деца, дизајни на маици, дизајни на пакети итн. Со сликарство се занимава повеќе години, главно сликајќи апстракција, надреализам, обоени полиња итн.

Кога го видел конкурсот на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ за визуализација на победничките четири бајки од проектот „Нови бајки од Македонија“, решил да си ја испроба среќата и како илустратор на книги за деца. За него, најинспиративна била бајката „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова, за која направил илустрации и ги пријавил на изборот. Жирито на конкурсот го избра токму неговото креативно решение како најдобро за оваа книга.

Сликовницата „Сончевото момче Ил“, заедно со другите три наслови од оваа едиција, „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“ и „Осаменото дрво“ (објавени под „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“), беа промовирани неодамна на настан за медиумите. Токму на промоцијата Нинески првпат во живо ја сретна авторката на приказната Данаилова, но и првпат в раце ја зема испечатената книга. На прашањето зошто се одлучил да ја оживее со слики токму оваа приказна тој вели:

– Најпрвин ги прочитав сите бајки на конкурсот и посебен впечаток ми остави бајката „Сончевото момче Ил“. Оваа приказна ја видов како најблиска на стилот на кој сакав да илустрирам. Затоа што сум почетник, многу ми помогна распоредот на текстот што го добив и се обидував да го следам. Денес, за среќа, се достапни многу информации и видеа каде што е прикажано како функционира креативниот процес кај повеќето искусни илустратори низ светот, па според тоа прво ги изработив цртежите за сите сцени и подоцна илустрирав. Ова е прв мој ваков ангажман и за мене ова беше прекрасно искуство, кое се надевам дека ќе отвори врати за понатамошни ангажмани – вели Нинески.

При цртањето на сликовницата најголем предизвик му претставувала организацијата на просторот во сцените, нивната флуидност и естетика. Со авторката на текстот не успеал да се запознае во живо за време на процесот на создавање на книгата, но задоволен е како се поклопиле нивните идеи.

– Но, сметам дека таков контакт можеби и не е толку важен, со оглед на практиката одново и одново да се илустрираат приказни од блиското или подалечното минато. На пример, голем дел автори од минатите векови повторно се илустрираат на најразлични стилови и начини – вели Нинески, кој има дипломирано историја на уметност со археологија и магистрирано на историја на модерна уметност, а денес се занимава со сликарство, илустрација и графички дизајн.

Книгата „Сончевото момче Ил“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14917

Орце Нинески со авторката Катерина Данаилова

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Nov.
Интервјуа
На македонските читатели Маша Колановиќ им стана позната преку преводите на издавачката куќа „Арс Ламина“ на романот за млади и возрасни „Б...
14.
Feb.
Интервјуа
„Девојката што ја наслика смртта“ е дебитантска книга на Андреа Мирческа. Станува збор за психолошки трилер со примеси на мистерија и драма што п...
13.
Feb.
Интервјуа
Дејан Василевски - добитник е на повеќе награди за неговата кратка проза и неговите песни и е објавен во повеќе литературни списанија и една антологија....
15.
Sep.
Интервјуа
Зошто сјајот и бедата на славата ѝ се толку инспиративни и како ги прикажува во романите ни открива авторката на бестселерите: „Дејзи Џонс енд Д с...
06.
Jul.
Интервјуа
Со моите сликовници сакам да им помогнам на децата да го прифатат светот околу нив
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.97 MB