Производот може да се замени со друг во законскиот рок, под услов да не е оштетен и користен, а трошоците за враќање ги презема купувачот. Купувачот може и не мора да ги наведе причините за замена.
Замената мора да се изврши во законскиот рок од 15 дена од денот на приемот на пратката.
Во случај на отстапување од наведената спецификација или дефект, се обврзуваме да ви го замениме производот со исправен, а сите трошоци ги презема продавницата www.literatura.mk Гаранцијата не важи во случај на дефект настанат како последица на неправилна употреба.
Во случај на замена на производ за друг, продавачот е должен да ја изврши замената доколку тој производ го има во своите резерви. Доколку купениот производ за кој се бара замена го нема во резервите, продавачот е должен да го замени производот со друг по желба на купувачот, со евентуална доплата или враќање на разликата во цената. Во случај да не постои можност за замена, продавачот е должен да му ги врати парите на купувачот, а трошоците за враќање ги презема купувачот.
За прифатените рекламации, продавачот www.literatura.mk ги презема сите трошоци за транспорт.