Со иновативен спој на повеќе области на културата, второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 година, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата.

Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржат 15 настани, кои ги обединуваат литературата, музиката, театарот, дизајнот и филмот, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. На програмата се промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, изложби на фотографии и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.

Оваа културна манифестација годинава ќе има и хуманитарен карактер, имено, средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани.

Цела програма во продолжение!