Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Публицистика
- Туризам и патување
- Туристички водичи
- Цркви и Манастири во Македонија / Churches and Monasteries in Macedonia
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490
Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Пиши ни на:
Pomoć
Цркви и Манастири во Македонија е исцрпно издание кое ги претставува сакралните христијански храмови во Македонија. Ова издание е од енциклопедиски карактер кое содржи многу корисни податоци кои можат да се користат и од стручни лица и проучувачи на оваа тематика, па се до пошироката читачка публика. Водичот е напишан на два јазика: македонски и англиски со што изданието може да се користи и надвор од границите на Македонија, има интернационален карактер и помага во промовирањето на македонската култура и црковно наследство и надвор од Државата. На почетокот на изданието е претставена историјата на христијанството во Македонија од нејзиното ширење во првиот век , нејзиниот развој низ вековите, создавањето на средновековната Самоилова држава и создавањето на самостојна црковна институција и подоцна создавањето на Охридската архиепископија, прогласувањето на автокефалност, па се до денешно време. Денес, диецезата на МПЦ има вкупно десет епархии од кои три се надвор од неа (Американско-канадска, Австралиско-новозеландска и Европска епархија), а седум се во Македонија. Оваа монографија ги претставува токму овие седум епархии кои се наоѓаат на територија на МКД. По воведниот дел за историјатот на христијанството во Македонија, претставени се седумте епархии и тоа: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Брегалничката, Полошко-кумановската, Струмичката и Повардарската. На крајот од делото има мал зборовник кој ги објаснува основните поими, симболи и опис на нивното значење. И сосема на крајот се претставени биографиите на поглаварите и митрополитите на Македонската православна црква, збогатено со нивни фотографии. Секоја епархија е посебно означена и одделена, започнува со слика од црква или манастир, а потоа е даден списокот на цркви и манастири кои се лоцирани на мапа од истиот регион т.е. епархија. Секоја црква од реонот е сликовито и текстуално претставена. Водичот изобилува со многубројни фотографии, илустрации и по некоја мапа од епархијата. Претставени се црквите во Македонија, нивната историја, временскиот период – век кога се подигнати, местоположбата, претставени се најважните и најпознатите икони и фрески по кои е позната некоја црква или манастир. Претставена е црковната уметност: фрескосликарство, резбарство, иконосликарство – кои претставуваат ремек дела и имаат високи ликовни вредности. Претставени се и црквите кои биле просветителни центри каде се развивала и црковната средновековна ,,литература”. При претставување на црквите е опишана и црковната архитектура.
Карактеристика | Вредност |
---|---|
Kатегорија | Туристички водичи |
Автор | / |
Издавач | Тримакс |
Јазик | Македонски |
Повез | Мек повез |
Година на објавување | 2012 |
Број на страници | 344 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.
Слични производи
Туристички водичи
062893
Автор :
Sara Santini, Andrea Di Filipo
Цена
1.199 МКД
19,40
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Туристички водичи
059454
Автор :
Birnbaum Guides
Цена
999 МКД
16,17
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!