Мисли за бугарскиот јазик
Икона

Мисли за бугарскиот јазик

Шифра на артикл: 099044
Баркод: 9786084993216
Достапно веднаш
0 МКД
199 МКД
199 МКД
3,22 EUR
Заштеда: 0 МКД
Извести ме за попуст
  • NSZ
    *
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
Pomoć
Партениј Зографски (Галичник, 1818 - Цариград, 7 февруари 1876) — првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од XIX век во Македонија и прв македонски митрополит. Животопис Партениј Зографски, чие родено име е Павле Тризловски, е роден во 1818 г. во Галичник, како првороден син на Доста и Василко. Првото образование го стекнал во манастирот „Св. Јован Бигорски”, а во 1836 г. во Охрид бил ученик на Димитар Миладинов. Замонашен е во Манастирот Зограф на Света Гора, во 1842 година, при што го добива името Партениј, а по манастирот и звањето Зографски. Зографски по знаења оди и во Духовната академија во Одеса, Кипријанскиот манастир во Молдавија, киевската богословија, а од 1846 до 1850 г. е редовен студент во Духовната академија во Москва. Неговиот животен пат е нераскинливо врзан - со љубовта кон Бога и кон сопствениот македонски народ. Набргу по завршувањето, од страна на цариградскиот патријарх е произведен во архимандрит, за потоа да биде поставен за епископ на Полјанската епархија, како прв Македонец со такво црковно звање и чин. Хиротонијата ја извршил солунскиот митрополит Неофит во патријаршијската црква во Цариград. Прво околу што се заложил новиот владика е воведувањето на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонски верници, со што го намалил влијанието на грчката црква во однос на богослужбата. Ги обиколувал селата во епархијата за да внесе словенско духовно влијание, отворал народни училишта, а, тоа не можело да не предизвика реакции на кукушките чорбаџии, кои коментирале „Каков е тој владика што не практикува чибук муабет, се мачи катаден со поповите со учењето како ќе читаат четива во црквите, го нема никогаш дома затоа што е постојано во селата во епархијата каде што отвора и гради училишта” кои подоцна се жалеле до Цариградскиот патријарх за неговото дејствување. Обвиненија Солунскиот митрополит Неофит, во летото 1861 г., го свикал Синодот на којшто во документ – обвинение со 22 точки, бил сосема неосновано обвинет епископот Партениј, за антипатријаршиска дејност. Меѓу другото, во 22-те наведени клевети против полјанскиот епископ Партениј, тој бил обвинет и дека: Насилно го вовел црковнословенскиот јазик во богослужбата, а воедно забранил да се употребува грчкиот јазик; Го вовел мајчиниот јазик во училиштата, наместо грчкиот јазик, а дури и ги истерал од работа оние учители кои не го употребувале македонскиот јазик; Го поттикнал населението да потпише барање полјанската епископија да прерасне во митрополија; Не го спомнувал името на својот претпоставен митрополит Неофит, како негов началник, изјавувајќи дека и самиот е митрополит; Не дозволувал во неговата епархија да се чита патријаршиското писмо; Цариградската патријаршија ја нарекол ‘голем ан’; Наредил да се избрише грчкото писмо од кукушката црква и да се замени со македонски јазик и друго...” Сепак, плашејќи се од руската дипломатија, а со намера да угоди на барањето на рускиот амбасадор Лобанов, Патријаршијата била принудена да испрати комисија во Полјанската епархија, за да го испита „случајот Партениј“. По извршената истрага тричлената патријаршиска комисија констатирала дека епископот Партениј не е виновен, туку напротив, дека совесно ја вршел својата должност. Сепак, на г. Партениј не му било допуштено веднаш да се врати во својата епархија, во која, особено во Дојран, каде што се наоѓала и неговата епископска резиденција, бил желно очекуван од своите духовни чеда...
Карактеристика Вредност
Kатегорија Религија
Автор Партениј Зографски
Издавач Икона
Јазик Македонски
Повез Мек повез
Година на објавување2023
Број на страници24

Уникатна услуга

Картичка за лојалност
Картичка за лојалност

Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

 Бесплатна достава
Бесплатна достава

Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.

Слични производи

Sačuvano u omiljne
Цена 399 МКД
6,46 EUR
Sačuvano u omiljne
Цена 599 МКД
9,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Цена 199 МКД
3,22 EUR
Sačuvano u omiljne
Цена 299 МКД
4,84 EUR
Sačuvano u omiljne
Цена 699 МКД
11,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Цена 800 МКД
12,94 EUR
array(0) {
}
Memory Consumption is: 9.23 MB