Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Публицистика
- Популарна публицистика
- Религија
- Христијанството во Македонија

Шифра на артикл: 099043
Баркод: 9789989213274
Автор:
Стефан Санџакоски
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ

За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490

Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот

Пиши ни на:
Pomoć
Отец Стефан Санџакоски, е роден во Струга на 03.09.1956. Во 1983 г. ги завршува студиите на Теолошкиот факултет во Белград. Во пери- одот од 1985 г. до 1988 г. се наоѓа на постдипломски студии во Париз на Православниот Теолошки институт ′′Св. Сергеј Радоњежки′′. Во 1990 г. e избран за професор на Теолошкиот Факултет во Скопје на Катедрите по Патрологија, Философија, Христијанска етика со аскетска теологија и Психологија. Магистрира во1995 г., а 1997 г. докторира на универзитетот во Скопје.
Автор е на многу научни трудови објавени во домашни и странски списанија, како и на книгите Богомислие, Беседи од Калишта, Икони на Ноуменот, Покрови на преданието и Апофатичка философија.
...Во новиот период, Православната Црква на Балканот влезе длабоко разединета од национализмот и со загубена свест за својата универзална мисија. Разрдобена на малечки светови од т.н. провинцијализам на локалните преданија. Трагедијата на овој период се состоеше во тоа што се затрова националната самосвест на православните народи со непријателство спрема другите народи. Анимозитетот на меѓунационалните конфликти го проголта живото единство на Црквата, од тогаш наваму постоечко само на теоретски план. И се случи нешто пострашно од тоа. Самата Црква престана да биде носителка на просветителскиот христијански идеал и стана генератор на религиозниот национализам. Тој до денес ги разнебитува православните балкански народи. Повикана со силата на Духот и Вистината да ги просветува сите и сé во светот, Црквата и самата им се потчини на плотта и крвта...
Провоцирајќи го нашето сетило за историчност, нашата историска свест, но и воведувајќи не во подзаборавените но непобитни вистини на нашето милениумско постоење, овие две студии на отец Стефан Санџакоски се приопштуваат на вниманието на нашата јавност како нешто отрезнувачко и полезно. Личностите и идеите кои струјат низ страниците на оваа книга го образуваат вечноживиот и нетлен иконостас на македонската и сечовечката историја.
Методиј Златанов
Карактеристика | Вредност |
---|---|
Kатегорија | Религија |
Автор | Стефан Санџакоски |
Издавач | Икона |
Јазик | Македонски |
Повез | Мек повез |
Година на објавување | 2003 |
Број на страници | 160 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.
Слични производи
Религија
064279
Автор :
Старец Пајсиј Светогорец
Цена
799 МКД
12,93
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Религија
057240
Автор :
Архимандрит Иринеј (Стефановски)
Цена
420 МКД
6,80
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!