Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490
Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Пиши ни на:
Pomoć
Зошто се чувствуваме лошо кога ни оди добро?
Во оваа книга се испитува зошто, дури и кога ни оди добро во животот, многумина имаат тешкотии со сопственото ментално здравје, пред сè борејќи се со депресијата или со анксиозноста.
Лесно е да поверувате дека нешто ви се „расипало“ во мозокот кога се чувствувате ментално слаби, меѓутоа анксиозноста и депресијата се природни состојби и ги имало уште од дамнешни времиња, кога сме биле во опасност да изумреме од глад или од болести. Не сме создадени за постојано да сме задоволни и среќни. Да беше така, нашите предци немало толку долго да опстанат во историјата. Андерш Хансен ни покажува како функционира нашиот ум и ни дава надеж дека навистина можеме да се чувствуваме добро во денешново стресно и „дигитално конектирано“ општество. За да успееме, мора подобро да се грижиме за сопствениот мозок и тело – и, можеби, да престанеме постојано да ја бркаме среќата.
Во оваа книга се зборува за поблагите форми на депресија и на анксиозност, но не за биполарното нарушување или за шизофренијата. За ова има две причини. Прво и најважно, биполарното нарушување и шизофренијата се далеку посложени за истражување од она што би се сместило во опфатот на само една книга од областа популарна наука. Второ, проблемите со менталното здравје кои, како изгледа, се наоѓаат во подем во денешното општество, најчесто се поблаги форми на ментални болести. Шизофренијата и тешките форми на биполарното нарушување не се во подем, па затоа за нив не важат овде изнесените аргументи. Во книгава изнесувам еден биолошки поглед на менталното и на физичкото здравје, за кој од искуство знам дека на многумина им се гледа како полезен. Ако се чувствувате потиштено, побарајте помош, зашто помош може да се најде. А, ако земате каков било медикамент за одредена психијатриска состојба, секогаш најпрвин посоветувајте се со вашиот лекар.
Карактеристика | Вредност |
---|---|
Kатегорија | Психологија |
Автор | Андерш Хансен |
Издавач | Антолог |
Димензија | A5 |
Возраст | 18+ години |
Јазик | Македонски |
Повез | Мек повез |
Година на објавување | 0 |
Број на страници | 190 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.
Слични производи
Психологија
096307
Автор :
Вилијам Вокер Аткинсон
Цена
300 МКД
4,85
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!