Почитувани купувачи, Ве известуваме дека според Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18), купувањето преку нашата продажна интернет страница e-prodavnica@literatura.mk се смета за продажба на далечина.
Законот во случај на продажба на далечина го утврдува правото на купувачот, кој се смета за потрошувач (физичко лице кое купува производи или користи услуги за непосредна сопствена потрошувачка во деловни простории на трговецот, надвор од деловните простории како и со договори на далечина за цели кои не спаѓаат во рамките на неговата трговска, стопанска, занаетчиска или професионална дејност), да се откаже од договорот во рок од 15 дена од датумот кога му е предаден производот. При откажувањето, купувачот може, но не мора, да ги наведе причините за откажувањето.
Образецот/изјавата за откажување од договорот има правно дејство од денот кога е пратен до трговецот.
Образецот/изјавата за откажување можете да ја преземете ОВДЕ.
Во случај на откажување од договорот, потрошувачот има право на поврат на парите или на замена за друг производ. Износот му се враќа на купувачот по приемот на производот, и откако ќе се утврди дека производот е неоштетен и исправен.
Купувачот е должен да го врати производот без одолжување, а најдоцна во рок од 15 дена од денот кога е пратен образецот за откажување. По истекот на рокот од 15 дена од денот кога е пратен образецот за откажување, производот не може повеќе да се врати.
При враќање на производот, задолжително е да се врати во исправна и неупотребувана состојба и оригиналното пакување, при што мора да се приложи и сметка-испратница што купувачот претходно ја има добиено со нарачката.
По приемот на производот, ќе се утврди дали производот е исправен и неоштетен. Купувачот одговара за неисправноста или оштетувањето на производот кои се резултат на неадекватно ракување со производот, односно купувачот е исклучиво одговорен за намалената вредност на производот што настанува како последица на ракување со производот на начин што не е адекватен, односно го надминува она што е потребно за да се утврди неговата природа, карактеристики и функционалност. Доколку се утврди дека настапила неисправност или оштетување на производот по вина на купувачот, повратот на средствата ќе биде одбиен и производот ќе му биде вратен на негов трошок. Трговецот е должен на купувачот без одолжување да го врати износот кој потрошувачот го платил по основ на договорот, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на изјавата за откажување, а по прием на производот.
Трошоците за враќање на производот и средствата ги презема купувачот, освен во случаи кога купувачот добива неисправен или погрешен артикл.