Контактирајте нè со повик на телефонскиот број +38976444490 или пратете ни електронска порака (e-mail) на адресата e-prodavnica@literatura.mk со информации за бројот на вашата сметка/испратница, вашиот ЕМБГ (по избор), бројот на денарската сметка и назив на банка во која ја имате наведената сметка.
Кога ќе ги пратите потребните податоци, ќе биде креирана документација што ќе ви биде проследена со процедурата за поврат на средства на електронска адреса што ја имате оставено при креирање на нарачката.
Поврат на средства се врши исклучиво на горенаведениот начин, со уплата на дeнарската сметка и нема можност да се праќаат пари по курир во готово.
Во случај на враќање на производ или поврат на средства на купувачот, кој претходно извршил плаќање со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без оглед на причината за враќање, Literatura.mk има обврска да го изврши повратот по пат на VISA, MC и Maestro метод на плаќање. Тоа значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Нарачаниот артикл, без претходен контакт и договор со операторите во онлајн продавницата, како што е наведено погоре, не можете да го пратите на адресите наведени на сметката-испратницата.
Секој таков пакет ќе му биде вратен на испраќачот на трошок на испраќачот.