Во најава...

Наскоро: Умствени вежби, гениј – нов серијал со логички игри во издание на Либи

10.08.2021.
Наскоро: Умствени вежби, гениј – нов серијал со логички игри во издание на Либи

Која е првата асоцијација кога ќе се споменат Шерлок Холмс, Леонардо да Винчи и Алберт Ајнштајн? Тие се генијалци! Да, тие се едни од најгенијалните умови: Холмс е најгенијалниот детектив меѓу фиктивните книжевни ликови, Да Винчи е најгенијалниот креативец меѓу уметниците, а Ајнштајн – еден од најгенијалните научни умови. Што значи да размислувате како нив? Дали треба да сте генијалци, дали треба да имате освоено награда на некој меѓународен натпревар во знаење, да сте одлични ученици или одлични играчи на логички игри? Или, едноставно, да сакате да го вежбате мозокот со интересни задачи? Запомнете, сите сме генијалци на свој начин!

Тргнувајќи од оваа мисла, италијанските автори Карло Карцан и Соња Скалко, навлегувајќи во „шемата“ на размислување на Шерлок Холмс, Леонардо да Винчи и Алберт Ајнштајн, го создале интерактивниот книжевен серијал „Умствени вежби, гениј“ за деца и за возрасни.

Серијалот наскоро ќе излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во него се четири книги со умствени вежби: „Размислувај како гениј – логички игри“, „Размислувај како Шерлок Холмс – логика и меморија“, „Размислувај како Леонардо да Винчи – љубопитност, техника и креативност“ и „Размислувај како Алберт Ајнштајн – храброст, истражување, научно размислување“. Книгите се добра вежба за мозокот за секоја возраст, а во нивната основа е дека се учи преку игра.

Веројатно често можете да прочитате или да слушнете како педагози и стручни автори тврдат дека најдобро се учи преку игра. Веројатно се прашувате како и зошто се учи преку игра?

* Вежба – Пред сѐ, преку игрите се вежба. Затоа што е возможно да се обучи и да се подобри мозокот со едноставни и игриви активности.

* Игра – Во контекст на игра се учи полесно.

* Талент – Со игра се развива талентот, бидејќи сите ние сме талентирани за нешто и сме генијалци. Па, затоа треба да ги цениме нашите таленти и да го обучиме умот.

* Меморија Затоа што меморијата расте и се засилува со разиграни вежби.

* Внимание – Затоа што е можно да се зголеми и да се подобри концентрацијата.

* Самодоверба – Таа расте со постепено водење низ игрите.

Овие книги се наменети за сите родители, наставници и воспитувачи кои сакаат да користат привлечен и игрив пристап за едуцирање на децата. Пристапот во книгите е лабораториски и разигран, ориентиран за учење преку неформална структура и овозможува:

– Да го вежбате вашиот мозок и да се подобрите со едноставни и разиграни вежби.

– Да создадете контекст во кој ќе учите полесно.

– Самовреднување на вашите таленти и вежби за вашиот ум.

– Зголемување на меморијата што се засилува со разиграни вежби.

– Се подобрува концентрацијата и се зголемува самодовербата.

На крајот на секоја книга и има решенија на игрите и на загатките за проверка, споредба и повратни информации за сработеното.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.77 MB