Во најава...

Наскоро: Не плаши се да заталкаш, збирка размисли од Џеф Безос во издание на Арс Ламина

15.11.2021.
Наскоро: Не плаши се да заталкаш, збирка размисли од Џеф Безос во издание на Арс Ламина

Како најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, ги развива своите идеи? По кои принципи се води американскиот интернет-претприемач, деловен и медиумски магнат и инвеститор? Која е тајната на неговиот огромен успех во бизнисот? На овие и на уште многу прашања поврзани со основачот на меѓународната технолошка компанија „Амазон“, одговара новата книга „Не плаши се да заталкаш“, збирка размисли од Џеф Безос, која наскоро ќе биде објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Автор на предговорот е Волтер Исаксон, некогашен уредник на „Тајм“, и автор на биографиите за Стив Џобс, Бенџамин Франклин, Хенри Кисинџер, Леонардо да Винчи, Алберт Ајнштајн и други.

Со оваа фасцинантна збирка на записи од Џеф Безос – оригиналните годишни обраќања до акционерите, заедно со многубројни говори и интервјуа што го откриваат неговиот живот, работата и развојот на неговите идеи – ќе ја разберете заднината на неговиот феноменален успех во деловниот свет. Опфаќајќи многу теми од областа на бизнисот и политиката, од иновациите и опседнатоста со корисниците, па сè до климатските промени и освојувањето на вселената, оваа книга нуди редок увид во начинот на размислување на Безос, но и поглед во блиската иднина во чиешто обликување тој непосредно учествува. Книгата е напишана во директен, јасен стил и содржи неизоставни лекции за бизнис-вредностите, стратегијата и извршувањето на деловните замисли. Покрај тоа, авторот на читателот му нуди и необично јасни и разбирливи излагања на многу поими од областа на бизнисот, финансиите, јавните политики, објаснети на оригинален и лесно сфатлив начин од страна на еден од најбогатите луѓе во историјата на човештвото.

Оваа книга е неизоставно четиво за секој што сака да разбере како визионерството на само еден човек има моќ да ги унапреди животите на милиони други, и тоа на конкретен, опиплив начин. Раководители, претприемачи кои штотуку почнуваат, но и милионите потрошувачи на производите и услугите што ги нудат претпријатијата на Џеф Безос – со оваа книга сите имаат можност да ги разберат принципите на успехот на еден од најважните иноватори на денешнината.

Џеф Безос (роден 12 јануари 1964 г.) од 2017 година се смета за најбогатиот човек на светот, поради што е именуван и како „најбогатиот човек во современата историја“. Неговата нето вредност во јули 2018 година се искачи на 150 милијарди долари. Во септември 2018 година „Форбс“ го опиша како „далеку побогат од кој било друг на планетата“ бидејќи додаде 1.8 милијарди долари на неговата нето вредност откако „Амазон“ стана втората компанија во историјата која достигна пазарна капитализација од 1 трилион долари.

На 21 јули, на годишнината од слетувањето на „Аполо 11“ на Месечината пред 52 години, Безос одлета до вселената со првиот лет на неговата компанија со патници, каде што остана 11 минути, по што се врати дома.

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.76 MB