Ново migrirano

Без Мерит од Колин Хувер ја разнишува илузијата за среќно семејство

23.09.2022.
Без Мерит од Колин Хувер ја разнишува илузијата за среќно семејство

По барање на читателите, деновиве е објавено второто издание на еден од најчитаните романи „Без Мерит“ од популарната американска писателка Колин Хувер. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Семејството Вос е сè освен нормално семејство. Живеат во пренаменета црква, што таткото ја нарекува Долар Вос. Кога мајката, која преживува рак, почнува да живее во подрумот, таткото се преженува за нејзината поранешна медицинска сестра. На малечкиот полубрат не му е дозволено да прави или да јаде што и да е забавно, а најстариот брат е иритантно совршен. Потоа, тука е Мерит. Мерит Вос собира трофеи што не ги освоила и тајните што семејството ја присилува да ги чува. Додека пребарува трофеи во локалната антикварница, го наоѓа Саган. Неговите духовитост и неапологетски идеализам ја разоружуваат и во неа повторно ја разгоруваат искрата живот – сè додека не открие дека тој е комплетно недостапен. Мерит уште повеќе се повлекува во себе, набљудувајќи го семејството отстрана, откривајќи тајна што ниту еден трофеј во светот не може да ја поправи. Не можејќи веќе да живее во лага, Мерит решава да ја разниша илузијата за среќно семејство од кое никогаш не била дел и да ги напушти засекогаш. Кога планот за бегство не ѝ успева, принудена е да се справи со последиците од кажувањето на вистината и губењето на момчето кое го сака.

Покрај „Без Мерит“, од авторката Хувер, во издание на „Арс Либрис“, објавени се и „Лејла“, „Исповеди“ и серијалот „Безнадежно“: „Безнадежно“, „Изгубена надеж“, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“.

Книгата „Без Мерит“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14480

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.54 MB