Ново migrirano

Здив од Џејмс Нестор е најбарана книга од областа на нефикцијата во Литература.мк минатиот месец

18.08.2022.
<strong>Здив од Џејмс Нестор е најбарана книга од областа на нефикцијата во Литература.мк минатиот месец</strong>

Само неколку недели откако излезе од печат, новото издание од областа на популарната наука – „Здив: нова наука за една загубена уметност“ од новинарот Џејмс Нестор, се искачи на врвот на топ 10 листатa со најпродавани книги во книжарниците „Литература.мк“.  На втората позиција е хит-водичот за самопомош „Е, баш ме заболе“ од авторот суперѕвезда во блогерските кругови, Марк Менсон. Меѓу најбарани изданија во јули се и новите мотивациски книги „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос и „Четири илјади седмици“ од Оливер Буркеман. Изминатиот месец имаше голем интерес и за „ЗЕН: Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно и втората книга од Марк Менсон - „Сè е за*бано: книга за надежта“. Меѓу десетте најкупувани и овој месец се автобиографските изданија: збирката размисли на најбогатиот човек во светот и основач на „Амазон“,  Џеф Безос – „Да се смислува и да се талка“ и „Моите изуми“ од Никола Тесла. Доста се читаа и „Кој владее со светот?“ од  познатиот американски лингвист, филозоф, историчар и политички активист, Ноам Чомски, и „Истанбул: Сеќавањата и градот“ од најпознатиот современ турски писател, Орхан Памук.

Во продолжение проследете ја топ 10 листата со најбарани изданија од областа на нефикцијата во книжарниците „Литература.мк“ во јули.

1. „Здив: нова наука за една загубена уметност“ од Џејмс Нестор

Без разлика што јадете, колку вежбате, колку сте слаби, млади или мудри, ништо од тоа не е важно ако не дишете правилно. Ова е главната порака на новата книга од областа на популарната наука – „Здив: нова наука за една загубена уметност“ од новинарот Џејмс Нестор. Книгата излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Нема ништо посуштинско за нашето здравје и за нашата благосостојба од дишењето: внесување воздух, па испуштање, и така дваесет и пет илјади пати на ден. Сепак, како вид, луѓето во голема мера ја имаат изгубено способноста за правилно дишење – што со себе носи тешки последици. Новинарот Џејмс Нестор патува низ светот за да открие што тргнало наопаку со дишењето и бара начини како да го поправи тоа. Одговорите не се наоѓаат во пулмолошките лаборатории, како што би можеле да очекуваме, туку во калливите останки на древни гробишта, тајните советски објекти, хорските училишта во Њу Џерси и на магливите улици на Сао Пауло. Нестор им влегува во трагата на луѓе кои ја истражуваат скриената наука зад низа древни практики на дишење, како пранајама, сударшан крија и тумо, и се здружува со други пулмонаути како него, за да ги тестира научно долгогодишните верувања во однос на тоа како дишеме. Потпирајќи се и на медицински текстови стари илјадници години и на неодамнешни врвни студии во пулмологијата, психологијата, биохемијата и човечката физиологија, „Здив“ извршува темелно превреднување на она што сме мислеле дека го знаеме за нашата најосновна биолошка функција. Веќе никогаш нема да дишете исто.

Книгата „Здив: нова наука за една загубена уметност“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14923

2.  „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон

Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека постојано треба да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за да станеме навистина подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море, кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига. Менсон ја изнесува и ја брани тезата дека луѓето, според природата на работите, се суштества со свои мани и ограничувања. „Не може секој да биде исклучителен – општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак, е по твоја вина.“ Неговиот совет до нас е да си ги препознаеме и да ги спознаеме нашите ограничувања и да ги прифатиме – и дека токму тоа, вели тој, е вистинскиот извор на моќ со кој можеме да се стекнеме. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности – откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, туку ќе почнеме да се соочуваме со нив – дури тогаш можеме и да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по кои трагаме толку очајно.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13453

3. „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос

Итан Крос е наградуван психолог кој во оваа книга ни ги открива скриените моќи на нашиот внатрешен глас и ни покажува како да го искористиме во борбата со анксиозноста, како да си го подобриме психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочиме нашите врски со другите. Кажете му на странец дека разговарате со себеси, мошне веројатно е дека ќе ве смета за ексцентрик. Кога разговараме со себеси, често се надеваме дека ќе го поттикнеме нашиот внатрешен тренер, но, наместо тоа, го поттикнуваме нашиот внатрешен критичар. Кога се соочуваме со тешка задача, нашиот внатрешен тренер нè охрабрува: Ајде, го можам тоа! Но, исто толку често, нашиот внатрешен критичар нè обесхрабрува: Нема да успеам. Сите ќе ми се смеат. Која е поентата?  Крос ги истражува тивките разговори што ги водиме со себе. Испреплетувајќи ги револуционерните проучувања на мозокот што ги спроведувал во неговата лабораторија со конкретни студии на случај, тој објаснува како внатрешните разговори ги обликуваат нашите животи, работа и врски. Тој предупредува дека препуштањето на негативни и дезориентирачки разговори со себе – што тој ги нарекува „брборење“ – можат да ни го нарушат здравјето, да ни го „спуштат“ расположението, да ни ги ограничат социјалните конекции и да почнеме да попуштаме под притисок.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14746

4. „Четири илјади седмици“ од Оливер Буркеман

Авторот Оливер Буркеман во „Четири илјади седмици“ тврди дека просечниот човечки животен век е апсурдно, навредливо кус. Под претпоставка дека ќе доживеете 80 години, имате само околу 4.000 седмици. Никој не треба да каже дека нема доволно време. Опседнати сме со списоците на задачи што треба да ги завршиме, а кои постојано се зголемуваат, со преполните електронски сандачиња, рамнотежата работа-приватен живот и постојаната битка со дистракции; преплавени сме со совети како да станеме попродуктивни и поефикасни со разни „трикови“ со цел да ги оптимизираме нашите денови. Но, ваквите техники често само ги влошуваат работите. Чувството на анксиозност станува поинтензивно и најзначајните работи во животот изгледа дека се зад хоризонтот. И покрај тоа, ние ретко ја поврзуваме секојдневната борба со времето со крајниот проблем на управување со него: предизвикот како најдобро да ги искористиме нашите 4.000 седмици.

Потпирајќи се на увидите и на античките и на современите филозофи, психолози и духовни учители, Буркеман ни нуди забавен, хумористичен, практичен и длабок водич за времето и управувањето со времето. Отфрлајќи ја залудната модерна фиксација „да се заврши сè“, книгата „Четири илјади седмици“ ги запознава читателите со алатки за градење на значаен живот со прифаќање на конечноста, покажувајќи колку од бескорисните начини до кои сме дошле размислувајќи за времето не се неизбежни, непроменливи вистини, туку избори што сме ги направиле како поединци и како општество – и дека можеме да ги правиме работите поинаку.

Книгата „Четири илјади седмици“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14871

5.„ЗЕН: Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно

Преку јасни, практични лекции и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење. Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта… Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо. Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13682

6. „Сè е за*бано: книга за надежта“ од Марк Менсон

Ова е контраинтуитивен водич за проблемите со надежта. Живееме во интересно време. Материјално, сè е подобро од кога и да е, но некако сè изгледа како да е непоправливо и ужасно заебано. Што се случува? Ако некој може да ја именува нашата моментна малодушност и да ни помогне да ја решиме, тоа е Марк Менсон. Во „Сè е за*бано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13664

7. „Да се смислува и да се талка: збирка размисли од Џеф Безос“

Со оваа фасцинантна збирка на записи од Џеф Безос – оригиналните годишни обраќања до акционерите, заедно со бројни говори и интервјуа коишто го откриваат неговиот живот, работа и развојот на неговите идеи – ќе ја разберете заднината на неговиот феноменален успех во деловниот свет.

Опфаќајќи многу теми од областа на бизнисот и политиката, од иновациите и опседнатоста со корисниците, па сè до климатските промени и освојувањето на вселената, оваа книга нуди редок увид во начинот на размислување на Безос, но и поглед во блиската иднина во чие обликување тој непосредно учествува. Книгата е напишана во директен, јасен стил и содржи неизоставни лекции за безнис-вредностите, стратегијата и извршувањето на деловните замисли.

Покрај тоа, авторот на читателот му нуди и необично јасни и разбирливи излагања на многу поими од областа на бизнисот, финансиите, јавните политики, објаснети на оригинален и лесно сфатлив начин од страна на еден од најбогатите луѓе во историјата на човештвото.

Оваа книга е неизоставно четиво за секој што сака да разбере како визионерството на само еден човек има моќ да ги унапреди животите на милиони други, и тоа на конкретен, опиплив начин. Раководители, претприемачи кои штотуку почнуваат, но и милионите потрошувачи на производите и услугите што ги нудат претпријатијата на Џеф Безос – со оваа книга сите имаат можност да ги разберат принципите на успехот на еден од најважните иноватори на денешнината.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14912

8. „Моите изуми“ од Никола Тесла

Малку луѓе во историјата дале толкав придонес кон погодностите на современото секојдневие како Никола Тесла. Неговите дела овозможиле електричната енергија да допре до сите катчиња на нашата планета, а нејзината примена да експлодира во безброј области на човековиот живот – процес што речиси незапирливо продолжува многу години по неговата смрт. Оставината на Тесла е богата, секогаш актуелна и неисцрпен извор на инспирација. Но, и покрај тоа што влијанието на Тесла е толкаво што е речиси невозможно да се исцрпат епитетите, неговата застапеност во јавниот дискурс е изненадувачки мала, особено во западната културна сфера. Оваа автобиографија дава увид во фасцинантниот внатрешен свет на еден од најголемите гении, но притоа на разбирлив јазик зборува и за техничката природа на неговите изуми. Правејќи го тоа, Тесла на посреден, но уверлив начин ни ја презентира својата визија за еден подобар, поправичен и помирен свет, чијашто благосостојба не е нуспроизвод на борбата за профит, туку е резултат на искрената, автентична желба за подобар живот на сите, без очекување награда.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13514

9. „Кој владее со светот?“ од Ноам Чомски

Во оваа длабока и темелна анализа на актуелната меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што зборува тоа за американското општество.

Книгата „Кој владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим- медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од новинските наслови.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13510

10. „Истанбул: Сеќавањата и градот“ од Орхан Памук

„Истанбул“ е прекрасен омаж, каков што и му прилега на овој голем град. Евокативна и документаристичка, автобиографска и историска, Орхан Памук во оваа книга пишува прекрасна „песна“ за градот во кој се родил и во кој сè уште живее и пишува. Тој ни раскажува за детството, за елитното средно училиште, за архитектонскиот факултет, за неговите родители и омилената баба, но истовремено зборува и за сликарот Мелинг и неговите прекрасни слики на Истанбул, за патописите на Нервал, Готје и Флобер и, секако, за прекрасниот Босфор. Перспективата постојано се стеснува и сe проширува и никогаш не е здодевна, зашто меланхоличниот хузун, што ги обвива страниците на оваа книга, ни зборува еднакво на сите – иако не живееме во Истанбул

Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите дела се занимаваат со соочувањата помеѓу Истокот и Западот, со проблемите на уметноста и на идентитетот, а честопати се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13665

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.01 MB