Ново migrirano

Мултиверзум за почетници на врвот на топ 10 листата со најбарани книги минатиот месец

03.06.2022.
Мултиверзум за почетници на врвот на топ 10 листата со најбарани книги минатиот месец

Првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик, „Мултиверзум за почетници“ од Златко Василкоски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најпродаван наслов од областа на нефикцијата минатиот месец во книжарниците на „Литература.мк“. На втората позиција е „Децата и разводот: Психологија на разводот од перспектива на децата“ од проф. д-р Драгана Батиќ. Двете книги беа промовирани на неодамна одржаниот Саем на книгата. Меѓу најбараните десет книги е и „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ. Високо на листата се и популарните мотивациски книги „Гласот во нашата глава“, „Четири илјади седмици“, „Е, баш ме заболе“ и „Сè е за*бано: книга за надежта“ од Марк Менсон, „ЗЕН: Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно, „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“ од Мајк Викинг, „Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан и други.
Прочитајте кои десет инспиративни книги беа најпопуларни во мај во нашите книжарници.

1. „Мултиверзум за почетници“ од Златко Василкоски

Како математиката нужно води кон противречности? Каде универзумот е „згрутчен“, а каде „мазен“? Што имаат заедничко „Епот за Гилгамеш“ и „Сердарот“ на Григор Прличев? Како го знаеме она што го знаеме за вселената? Како Галилеј се сетил на релативноста векови пред Ајнштајн? Што е вакуумот, според квантната теорија на поле? Каква е врската помеѓу бурекот и Зеноновите парадокси? Зошто фундаменталните природни закони се онакви какви што се? На кој начин берзите потекнуваат од кафеаните? Кои се најновите достигнувања во областа на истражувањето на вселената? Одговорот на овие, но и на многу други прашања, ќе го добиеме од „прва рака“, од предавач на најпрестижните универзитети во светот, како Харвард и МИТ, и човек кој е на „ти“ со врвните светски авторитети во областа на природните науки. Оваа книга, покрај тоа што е напишана на разбирлив јазик и неоптоварена со несовршеностите на преводот, е и исклучително актуелна, опфаќајќи и научни сознанија до кои е дојдено во 2021 година. Мартин Карплус, добитник на Нобеловата награда за хемија во 2013 година, за книгата на Златко ќе каже: „Ме воодушеви големата сеопфатност на книгата. Почнувајќи со потеклото на нашиот универзум, проследено со создавање на животот на Земјата, човековата цивилизација, па сè до денешната наука и идејата за мултиверзумот. Уште поважно е што овие идеи се многу јасно изложени, што ги прави достапни за читателите кои имаат само минимално разбирање на денешната физика“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14846

2. „Децата и разводот“ од проф. д-р Драгана Батиќ

Во својот научен труд „Децата и разводот: Психологија на разводот од перспектива на децата“ – што е адаптирана и дополнета верзија на нејзината докторска дисертација – универзитетската професорка Драгана Батиќ пишува за влијанието на разводот на родителите и на семејната структура врз менталното здравје на децата и на адолесцентите. Таа прави детален преглед на разводот како стресоген животен настан и на карактеристиките на семејствата што настануваат по разводот. Од истражувањата што ги спроведува професорката во рамките на својата работна практика, но и од истражувањата на цитираните автори кои се занимаваат со истата тема, може да се заклучи дека менталното здравје на децата и на адолесцентите на разведени родители не е изложено на ризик, односно дека за менталното здравје на децата и на адолесцентите поважни фактори се функционалноста на новоформираните семејства и кооперативниот однос помеѓу родителите, отколку самата структура на семејствата.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14909

3. „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос

Итан Крос е наградуван психолог кој во оваа книга ни ги открива скриените моќи на нашиот внатрешен глас и ни покажува како да го искористиме во борбата со анксиозноста, како да си го подобриме психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочиме нашите врски со другите. Кажете му на странец дека разговарате со себеси, мошне веројатно е дека ќе ве смета за ексцентрик. Кога разговараме со себеси, често се надеваме дека ќе го поттикнеме нашиот внатрешен тренер, но наместо тоа, го поттикнуваме нашиот внатрешен критичар. Кога се соочуваме со тешка задача, нашиот внатрешен тренер нè охрабрува: Ајде, го можам тоа! Но, исто толку често, нашиот внатрешен критичар нè обесхрабрува: Нема да успеам. Сите ќе ми се смеат. Која е поентата? Крос ги истражува тивките разговори што ги водиме со себе. Испреплетувајќи ги револуционерните проучувања на мозокот што ги спроведувал во неговата лабораторија со конкретни студии на случај, тој објаснува како внатрешните разговори ги обликуваат нашите животи, работа и врски. Тој предупредува дека препуштањето на негативни и дезориентирачки разговори со себе – што ги нарекува „брборење“ – можат да ни го нарушат здравјето, да ни го „спуштат“ расположението, да ни ги ограничат социјалните конекции и да почнеме да попуштаме под притисокот. Но, добрата вест е дека ние веќе сме опремени со алатки што ни се потребни да направиме нашиот внатрешен глас да работи во наша полза. Овие алатки често не се очигледни. Скриени се во технологиите што ги ползуваме, во дневниците скриени во нашите фиоки, разговорите што ги водиме со блиските, опкружувањето во нашите училишта и на работните места. Брилијантно аргументирана, стручно поткрепена и полна со приказни со кои секој може да се идентификува, оваа книга ни дава моќ да го смениме најважниот разговор што го водиме секој ден: оној со себеси.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14746

4. „Четири илјади седмици“ од Оливер Буркеман

Бестселерот „Четири илјади седмици“ од Оливер Буркеман е своевидно упатство за обичните смртници: како да управувате со времето. Изданието стана и бестселер на „Сандеј тајмс“, книга на годината според „Фајненшал тајмс“, „Гардијан“ и „Опсервер“, како и еден од најдобрите 75 наслови според „Дејли телеграф“ за минатата година.

Авторот Оливер Буркеман во „Четири илјади седмици“ тврди дека просечниот човечки животен век е апсурдно, навредливо кус. Под претпоставка дека ќе доживеете 80 години, имате само околу 4.000 седмици. Никој не треба да каже дека нема доволно време. Опседнати сме со списоците на задачи што треба да ги завршиме, а кои постојано се зголемуваат, со преполните електронски сандачиња, рамнотежата работа-приватен живот и постојаната битка со дистракции; преплавени сме со совети како да станеме попродуктивни и поефикасни со разни „трикови“ со цел да ги оптимизираме нашите денови. Но, ваквите техники често само ги влошуваат работите. Чувството на анксиозност станува поинтензивно и најзначајните работи во животот изгледа дека се зад хоризонтот. И покрај тоа, ние ретко ја поврзуваме секојдневната борба со времето со крајниот проблем на управување со него: предизвикот како најдобро да ги искористиме нашите 4.000 седмици.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14871

5. „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ

„Инспирирај се за промени“ е охрабрувачко четиво за сите што се соочуваат со навидум несовладливите предизвици на современото живеење. Изданието на магичен и уникатен начин го отвора патот на читателот, носи светлина во животот и инспирира за промени. Наменето е за сите што се чувствуваат како да се „заглавени“ во некој тунел, но и за оние што се надвор од тунелот, а едноставно сакаат подобро утре. Оваа книга им помогна на многумина на својот пат на лична трансформација, книга што ќе ја пополни празнината што можеби ја чувствувате и ќе го надополни делот што на многумина им недостига за да бидат комплетни и свои.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку https://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14478

6. „Е, баш ме заболе“ и „Сè е за*бано: книга за надежта“ од Марк Менсон

„Е, баш ме заболе“ е книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за проблемите со надежта.

Во „Сè е заебано“, Менсон исцртува планини од психолошки истражувања базирани на безвременската мудрост на Платон, Ниче, Кант, па и на Том Вејтс, за да ги дисецира религијата, политиката, парите, забавата и интернетот.

Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта. Еден од најголемите модерни автори напиша уште една книга што ќе ја постави агендата на годините што доаѓаат.

Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8715

7. „ЗЕН: Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно

Преку јасни, практични лекции и лекции што се учат лесно – по една на ден во текот на сто дена – познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да ви покаже како да ја применувате суштината на зен-будизмот во модерното живеење. Тука ќе научите како длабоко да издишувате за да ги исфрлите негативните емоции, како да го средувате својот дом едноставно, што ќе ви помогне да ги расчистите вашите мисли, да ги подредувате обувките навечер за да внесете ред во вашиот ум, да засадите едно цвеќе и да гледате како расте, помалку да се грижите за она што не можете да го контролирате и уште многу други нешта… Дури и ќе си создадете време за да не размислувате за ништо. Поедноставете си го животот со уметноста на зен-будизмот и научете како да се чувствувате порелаксирано, поисполнето и со обновено чувство на мир и спокој.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13682

8. „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“ од Мајк Викинг

За Данска често се вели дека е најсреќната земја на светот. А тоа се сведува на една работа – хиге. Хиге се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта. А никој не може да ти биде подобар водич за сето она што се подразбира под хиге од Мајк Викинг. Мајк е генерален директор на Институтот за истражување на среќата во Копенхаген и има поминато многу години во проучување на магијата на данскиот начин на живот. Почнувајќи од изборот на вистинското осветлување и сè околу планирањето забава, преку создавањето комплет за хиге прва помош, па дури и во однос на изборот на облека, оваа прекрасна и инспиративна книга на Мајк ќе ти помогне да бидеш по-хиге.

Повикувајќи се на научни истражувања на среќата, Мајк Викинг во „Уметноста на создавање спомени“ нè учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме. Користејќи податоци и дневници, прашалници, глобални анкети и истражувања, научни осврти на однесувањето и експерименти со среќата, „Уметноста на создавање спомени“ ќе ни објасни како да создадеме совршени моменти. Моменти што ќе ги запаметиме засекогаш. Моменти што ќе ја обликуваат нашата личност.

Книгите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8822

9. „Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан

Оваа книга дава свеж поглед на моќта и потенцијалот на жените: духовити, дигитално писмени и исклучително неспокојни. Идејата потекнува од колумната насловена како „Будалеста зрелост“ од која подоцна Ривкин и Мекмикан ја развија истоимената интернет-страница за да го променат имиџот на средната доба, како контраудар на угнетувањето базирано на вежби, рецепти и сосредоточеност на шпоретот. Значи, ова е книга полна со совети како да се води „несовршен живот“. Опсегот на теми со кои се занимаваат тие е голем – од кариерата до мајчинството, од сите сеќавања и искуства што си ги собрала до грешките што си ги правела, оние поради кои жалиш и оние на кои си благодарна, од држењето диети и диктатот како треба да изгледаш до конечното ослободување. Ова не е прирачник за тоа како да живееш и што да правиш, главната порака е: не сме совршени, но тоа е океј. Животот и не е толку лош кога знаеш дека и другите се во истиот сос.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14750

10. „Дигитално злато“ од Натаниел Попер

„Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително читливо и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. Покрај новинарски прецизните и документирани преданија, книгата содржи и лесно разбирливи објаснувања за техничките, но и за пошироките економски, па и филозофски аспекти на криптовалутите и технологијата на блоковски синџир. „Дигитално злато“ е задолжителна литература за секој што сака да го разбере она што многумина го сметаат за најголем пронајдок по интернетот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13416

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.01 MB