Ново migrirano

Светскиот бестселер Невидливиот живот на Ади Лару од В. Е. Шваб излезе од печат на македонски јазик

10.03.2022.
Светскиот бестселер Невидливиот живот на Ади Лару од В. Е. Шваб излезе од печат на македонски јазик

Интернационалниот бестселер „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб излезе од печат на македонски јазик, во издание на„Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за бестселер на „Њујорк тајмс“ (37 последователни недели на оваа листа), „Ју-ес-еј тудеј“, „Нешнел инди“ и „Вашингтон пост“, преведен на 30-тина јазици. Во ноември 2021 година беше објавено дека „И-уан“ (eOne) ќе ја продуцира филмската адаптација на книгата, а меѓу продуцентите, освен самата авторка, е и познатиот холивудски актер Џерард Батлер.

„Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и на уметничката инспирација. Со фаустовски заплет и промислувања за моралот и смислата на животот, овој роман ги надминува границите на жанрот фантастика и со надвременската убавина на класиците гарантира задоволство при читањето на секој што ќе посегне по него.

Приказната почнува во Франција во 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ѝ ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети. Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети...

Викторија Шваб е автор број 1 на „Њујорк тајмс“ со повеќе од 20 книги за тинејџери, млади и за возрасни. Обожава да ги истражува уличките на Париз и да планинари во Англија, а кога не го прави тоа, седи во аголот на некое кафуле во Единбург, Шкотска, и измислува чудовишта.

Книгата „Невидливиот живот на Ади Лару“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14870

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.89 MB