Книжарници

Literatura.mk Superstore и Café Literatura ќе ги донесат книжарските трендови и најдоброто кафе во Ист гејт мол

28.10.2021.
Literatura.mk Superstore и Café Literatura ќе ги донесат книжарските трендови и најдоброто кафе во Ист гејт мол

Новата книжарница Literatura.mk Superstore и кафе-барот Café Literatura ќе бидат отворени утре (29 октомври, петок), во рамките на најголемиот центар за шопинг, култура и забава во регионот – „Ист гејт мол“ (East Gate Mall). Во новата суперпродавница на „Литература.мк“ и кафулето, кои се сместени на првиот кат, ќе бидат застапени светските книжарски трендови и најдоброто кафе во градот. Во првиот викенд од отворањето на книжарницата (од 29 до 31 октомври) со секоја купена книга следува подарок книга.

Во Literatura.mk Superstore ќе може да се најде голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на македонски, албански, англиски, германски и на француски јазик. Во продажниот простор ќе има богата понуда на дизајнерски производи за домот, како и квалитетен избор на канцелариски и училиштен материјал, школски прибор, дидактички и едукативни и изданија, но и помагала за уметност и дизајн, како и селектирана гифт-програма и луксузни подароци.

Ова е осма книжарница на „Литература.мк“, по Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“, како и добро познатите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“, Градски трговски центар (ГТЦ) и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на Широк сокак во Битола.

Со површина над 200 квадратни метри, ова ќе биде најголемиот локал на книжевното кафуле Café Literatura. Станува збор за архитектонски модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување на убави моменти, каде што може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга од богатата понуда на „Литература.мк“. Кафулето е конципирано и како простор за промоции и за одржување на разни културни настани, книжевни средби, концерти, бизнис-презентации и снимања. Во него ќе биде застапено едно од најдобрите кафиња кај нас, „Кафе Италија“ (Café Italia), како и различни видови коктели и смути, топли напитоци, безалкохолни пијалаци, избрани брендови алкохол и селекција на квалитетни вина.

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.64 MB