Читаме со Марија и Маги

Маги зборува за книгата 4 пријатели онлајн!

19.05.2021.
Маги зборува за книгата 4 пријатели онлајн!

„4 пријатели онлајн!“ на Каролина Каприја е интересен роман за четири деца кои се пријатели онлајн и додека се анонимни, но не и на училиште. Токму за впечатоците од оваа возбудлива книга зборуваше Маги во видеото на јутјуб-каналот „Читаме со Марија и Маги“. Романот е наменет за сите модерни момчиња и девојчиња на возраст над девет години и е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“.

Во книгата се појавуваат четири интересни ликови. Еуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко... Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на училиште или на фудбалското игралиште, прават сè за да се избегнат. Сепак, има едно место каде што си помагаат и се советуваат. Место на кое, заштитени со анонимноста, се чувствуваат во совршена синхронија. Интернет. Само кога би знаеле што се крие зад овие прекари...

Погледнете го видеото во кое Маги зборува за „4 пријатели онлајн“, а овој роман е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ или може да се нарача онлајн со достава до дома на следниот линк.

https://www.youtube.com/watch?v=vu7E_WFWr-w

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.15 MB