Малечката Марија, овој пат во видеото на јутјуб-каналот „Читаме со Марија и Маги“, чита едно поглавје од „Кифличката Мирна“ на Оливера Ќорвезироска и зборува за своите впечатоци од оваа книга за деца.
Малите читатели ќе добијат интересен одговор на прашањето „Каков ли е светот од гледната точка на едно новороденче?“, а станува збор за издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Краток опис на „Кифличката Мирна“
„Како се викаш?“
„Не знам. А ти?“
„Мирна.“
„Од каде знаеш?“
„Мајка ми ми кажа веднаш кога се родив.“
„А зошто мене мајка ми не ми кажа?“
„Не знам.“
Разговорот се скина, но тишината продолжи да ги поврзува нашите срца.
Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на следниот линк.