Астрорум

Контрабасистот Ѓорѓи Цинциевски гостуваше во Астрорум

16.04.2021.
Контрабасистот Ѓорѓи Цинциевски гостуваше во Астрорум

Врвниот контрабасист со меѓународна кариера, Ѓорѓи Цинциевски беше гостин во последната епизода од емисијата „Астрорум“ која премиерно беше прикажана минатата сабота во 13 часот на телевизијата ТВ 24.

Цинциевски е роден на 29 октомври 1981 година во Скопје. После аматерското членување во Мандолинскиот оркестар при Домот на млади „25 Мај“ каде свирел гитара, продолжува професионално да се едуцира во средното музичко училиште ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на Благој Маротов, свирејќи контрабас. Потоа, продолжува да се образува на престижната висока музичка школа Royal Northern College of Music во Манчестер, Велика Британија, каде дипломирал и магистрирал.

Во својата богата кариера, соработувал со водечки светски музичари и настапувал со познати оркестри, како Филхармонијата на „Би-Би-Си“, Хале оркестарот и Радио-симфонискиот оркестар на Виена. Покрај работните обврски како водач на секцијата за контрабас во Малтешката филхармонија, Цинциевски е активен и како солист и продолжува со образовната дејност. Неговите солистички настапи се високо оценети од критиката, која го опишува како музичар со одлични технички способности, со карактеристичен личен музички израз и силна експресивност.

Тој, како врвен меѓународен солист, пред три години за прв пат во својата кариера настапи со Македонската филхармонија, изведувајќи го Концертот за контрабас и оркестар од еминентниот диригент и композитор Емил Табаков.

Погледнете го целиот разговор со Ѓорѓи Цинциевски:

https://www.youtube.com/watch?v=gta6Of60NVM

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.73 MB