Астрорум

Актерот Ѓорѓи Јолевски гостин во новото издание на емисијата Астрорум.

29.03.2021.
Актерот Ѓорѓи Јолевски гостин во новото издание на емисијата Астрорум.

Драмскиот актер и првенец на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски е гостин во новото издание на емисијата „Астрорум“.

Јолевски е роден во 1964 година во Битола. Основно и средно образование завршува во Битола. Дипломира на Факултетот за драмски уметности при универзитетот „ Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот – драмски актери во класата на Љубиша Георгиевски. После дипломирањето, од 1989 до 1992 година има статус на слободен уметник, а во 1992 година се вработува во Драмски театар - Скопје. Од 1999 година до денес е член на Македонскиот народен театар од Скопје. Три години води класа по актерска игра на филмската академија ЕСРА – Скопје, 2008 -2011 година.

Основач е на театарот „ Квартет “ во 1996 година. Бил уметнички директор на Македонскиот народен театар 1999 година, претседател на Управниот одбор од 2007 до 2009 година и селектор на драмската програма на Интернационалниот фестивал „ Охридско лето“, од 2007 до 2016 година. Член е на жири комисии на многу национални и интернационални театарски фестивали. Своето актерско мајсторство го усовршува во Велика Британија и САД како и во Салзбург, Сеул, Авињон... Учествува на театарски фестивали во Каиро, Њујорк, Москва, Истамбул, Берлин, Париз, Кан, Петроград, Краков, Лајпциг, Љубљана, Белград, Софија и тн. Се занимава со режија и театарска продукција.

Во неговите актерски остварувања се вбројуваат и улогите меѓу кои се Хамлет, Мефисто, Калигула, Естрагон, Мекит Ножот, Тартиф, Ариел, Едип, Ставрогин, Валмон, Жан, Оберон, Ислаев, Оргон, Крап итн. Има остварено над дваесет улоги на филм и ТВ. Неговата режисерска кариера ја гради врз драмските текстови како што се „Квартет“ од Хајнер Милер, „Фауст“ според Гете и Томас Ман, „Психоза 4.48“ од Сара Кејн, „Плеј Бекет“ според делата на Семјуел Бекет, „Сината соба“ од Дејвид Хеар, „Децата на Лилит“ од Маја Мицевска итн, како и драматизации за претставите „ЕЕГ- Електроенцефалограм“, „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, „Една приказна од Македонија“ итн. За своите актерски остварувања има добиено многу домашни и меѓународни награди и признанија.

https://www.youtube.com/watch?v=gcPxNnyENWM

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.73 MB