Астрорум

Македонската врвна пијанистка Марија Вршкова гостинка во Астрорум

15.02.2021.
Македонската врвна пијанистка Марија Вршкова гостинка во Астрорум

Македонската врвна пијанистка, корепетиторка, активна камерна музичарка и пијано педагог, доцент м-р Марија Вршкова е гостинка во новото издание на емисијата „Астрорум“. За неа музичката критика ќе каже дека е уметница која со својата експресивност и даде печат на македонската пијанистичка школа на почетокот на 21. век. Вршкова се вбројува во редот на најголемите афирматори на современото и особено македонското музичко творештво.

Марија Вршкова е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисоката оцена на ниво на универзитет, со CUM LAUDE (класа на проф. Тодор Светиев), каде ги завршува и магистерските студии. Во текот на студиите е добитник на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а како најзначајна меѓународна наградата се истакнува Третата награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим, Италија. Вршкова учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти.

Вршкова негува посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Реализирала повеќе од 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела на македонски и странски автори. Реализирала неколку камерни ЦД-а со истакнати македонски уметници (Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби и Страшо Темков), а во 2010 го издава својот прв солистички компакт диск со македонска музика за пијано. Како солист и камерен музичар настапувала во Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија, САД, Бугарија, Србија, Полска, Грција и Австрија, на фестивалите „Охридско лето“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, „Хераклејски вечери“ и други. Од многуте камерни состави со кои се претставувала дома и надвор, од неодамна настапува во атрактивно женско ијанистичко трио со извонредните македонски пијанистки Елена Атанасовска-Ивановска и Сара Пројковска.

Како врв во нејзината досегашна уметничка дејност и наградата за уметничко достигнување доделена од страна на меѓународното жири на интернационалниот „Охридски бисери“ во 2009 година и како и трите награди „Виртуози“, за музички изведувач во 2013-та година и како член на камерен состав во 2015-та и 2016-та година.

Марија Вршкова во моментот работи како доцент при Факултетот за музичка уметност во Скопје воведувајќи ги студентите во професионалните предизвици на корепетиторството.

https://www.youtube.com/watch?v=hub2akYD58I&ab_channel=Literatura.mk

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.74 MB