Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ

За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490

Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот

Пиши ни на:
Pomoć
„Играме, растеме“ е збирка куси драмски форми, едночинки, поделена на два дела – „Семеен театар“ и „Театарот на Дарко“. Главните ликови се деца кои се наоѓаат во секојдневни ситуации. Токму затоа им се блиски на читателите кои можат да се препознаат во нив и лесно да ги играат на сцена. Едночинките се едноставни за поставување во домашни услови (креативно поминато слободно време), но и во градинките и училиштата, со или без повод. Освен за сценска постановка и читање на текстот во улоги, овие едночинки се соодветни за анализа на часовите по македонски јазик и за запознавање со спецификите на овој вид драмска форма. Меѓу дијалозите и проблемските ситуации суптилно е вметната едукативна компонента со цел да се поттикнат децата да размислуваат и креативно да се изразуваат. Дејството почнува среде одредено случување – in medias res – и мошне брзо преоѓа на конкретниот проблем, изнесувајќи јасна идеја и недвосмислена поента. Тематски разновидни и со широк опфат на контексти, овие куси текстови се заокружување на драмското творештво на Димовски и се придонес во збогатувањето на македонската книжевност со оваа ретко застапена прозна форма.
Карактеристика | Вредност |
---|---|
Kатегорија | Лектири и читанки за основно образование |
Автор | Владо Димовски |
Јазик | Македонски |
Повез | Мек повез |
Година на објавување | 2024 |
Број на страници | 109 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.
Слични производи
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!