Со цел да им обезбедиме дополнителни привилегии и попусти на најверните клиенти, „Литература.мк“ воведе програма за лојални потрошувачи – Клуб „Литература.мк“.

Со програмата, преку издавање картички, „Литература.мк“ ја наградува лојалноста на потрошувачите. Лојалните потрошувачи собираат попусти со купување производи на продажните места на „Литература.мк“. Потоа, попустите можат да се искористат при следното купување производи од асортиманот на „Литература.мк“ со приложување на клуб-картичката „Литература.мк“, согласно правилата и условите за користење на клуб-картичката „Литература.мк“.

 Дополнително, корисниците на клуб-картичката „Литература.мк“ имаат ексклузивни привилегии за покани на нови промоции на книги и голем број промотивни акции за специјални производи по повластени цени во сите продажни места на „Литература.мк“.

Картичката се стекнува со пополнување апликација, која ќе ја најдете ТУКА 

Картичката може да Ви биде доставена на следните начини:

- со следната нарачка на веб-страницата на Литература

- како засебна пратка за која е потребна доплата од 150 денари за испорака

- со подигнување од некоја од нашите книжарици во Скопје, со претходна најава во која книжарница би сакале да ја подигнете

Начин на собирање поени:

Со секоја сметка од 1000 денари се добива 1% попуст. Попустот расте + 1% со следната сметка од 1000 денари... сè до 10%.

Рокот за искористување на попустот е во календарската година.