Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Литература
- Книжевност
- Класици
- И коњите ги убиваат, зарем не?
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490
Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Пиши ни на:
Pomoć
Објавувањето на романот-првенец на Хорас МекКој И коњите ги убиваат зарем не?, во 1935 година, беше проследено со пофалби од американската критика. Романот наиде на широк прием и во Франција, во круговите на уметничката и книжевната авангарда, особено меѓу егзистенцијалистите – Сартр и Симон де Бовоар го величале како пробој на егзистенцијалистичкиот роман од Америка, а авторот го сместувале рамо до рамо со Хемингвеј и со Фокнер.
Во И коњите ги убиваат зарем не? авторот на вознемирувачки ладен, но брутален начин опишува еден маратон во танцување, којшто станува метафора за дејствувањето на капиталистичкиот систем во економска криза. Иако слични нехумани маратони денес веќе не постојат, во времето на економската криза во Америка биле многу популарни – можеле да траат со недели, а натпреварувачите биле принудени избезумено да танцуваат стотици часови, исцрпувајќи се до крајни граници, за да освојат награда и така барем привремено да побегнат од безнадежноста и безизлезот.
Маратони во танцување веќе нема, но во духот на времето, најверојатно добивме помодни варијанти во облик на елиминациски „ријалити“ ТВ програми, каде што публиката, како некогаш на маратоните, се забавува гледајќи ја туѓата беда и надеж.
Карактеристика | Вредност |
---|---|
Kатегорија | Класици |
Автор | Хорас Меккој |
Издавач | Икона |
Јазик | Македонски |
Година на објавување | 2013 |
Број на страници | 144 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.
Слични производи
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!