Купувањето на нашиот сајт е овозможено за регистрирани и нерегистрирани купувачи. За да се регистрирате, потребно е да ги пополните полињата на страницата РЕГИСТРАЦИЈА, а потоа следете ги упатствата што ќе ви пристигнат на електронската адреса (e-mail) што ја имате оставено.
Процес на купување
Кога ќе го пронајдете производот (производите) што го сакате, потребно е да ја изберете количината и да кликнете на копчето ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА.
Кога ќе завршите со изборот, со клик на МОЈА КОШНИЧКА во горниот десен агол се отвора страница со преглед на сите нарачани производи и полиња што треба да се пополнат, со цел пратката да стигне на посакуваната адреса.
Потоа, изберете курирска служба и начин на плаќање, а доколку имате некоја забелешка, можете да ја внесете во полето наменето за коментар.
Со клик на копчето ПОТВРДИ, потврдувате дека се согласувате со условите за купување и вашата нарачка влегува во процедура на обработка. На електронската адреса што ја имате внесено ќе добиете електронска пошта (e-mail) за потврда за успешно купување, како и сите известувања за промените во статусот на вашата нарачка.
Ви посакуваме пријатно купување!