Café Literatura е архитектонски модерно дизајниран простор, осмислен за релаксација и споделување на убави моменти, каде што може да се испие добро кафе и да се прочита убава книга од богатата понуда на „Литература.мк“.
Најголемиот локал на најурбаното книжевно кафуле Café Literatura, се наоѓа во архитектонски модерно дизајнираниот простор на новата книжарницата „Литература.мк Суперстор“ во рамките на трговскиот центар „Дајмонд мол“. Книжевното кафуле е простор осмислен за релаксација, дружба и споделување на убави моменти. Кафулето е конципирано и како место за промоции и за одржување на разни културни случувања, книжевни средби, мини-концерти и настани, бизнис-презентации и снимања.
Café Literatura со површина над 200 квадратни метри го има и во рамките на најголемиот центар за шопинг, култура и забава во регионот – „Ист гејт мол“ (East Gate Mall). Ова е трета локација на Café Literatura, кој е дел од синџирот книжарници „Литература.мк“. Досега добро се познати кафе-баровите во Literatura.mk Superstore (во „Скопје сити мол“) и во „Литература.мк“ во ТЦ „Буњаковец“. Вкусот на Café Literatura може да го доживеете и во Струмица, во нашата книжарница, каде има понуда на кафе за носење.
Во локалот е застапено едно од најдобрите кафиња кај нас, „Кафе Италија“ (Café Italia). На менито се различни видови кафиња како eспресата: „микеланџело“, „марко поло“, „бурунди“, „бразил“ и „етиопија“, макијато и капучино „марко поло“, капучино со бејлис, виенско капучино, ајриш кафе, афогато карамел, еспресо портокал, aфогато бејлис и нескафе и коктели од кафе, како и ексклузивните типа на специјално кафе „бурунди“, „бразил“ „етиопија“, „костарика“, „суматра“, „танзанија“ и „колумбија“ брендирани како Café Literatura.
Во понудата се и различни видови коктели (москов мјул, мохито, карипско дајкири, џин физ и многу други) и смути (вери бери, пинат батер, чоко смути и супер фуд смути), како и топли напитоци, топло чоколадо, салеп, безалкохолни пијалаци, избрани брендови алкохол и селекција на квалитетни вина.
Инстаграм профил