Со нови објави на книгите, премиера на документарец, нов филм, креативни работилници, книжевни средби, изложби и настани под маски, како и конкурси и акции на социјалните мрежи, во светски рамки, во текот на 2022 г. ќе бидат одбележани 25 години од објавувањето на првата книга од популарниот серијал „Хари Потер“ од Џ. К. Роулинг. Имено, првата книга од серијалот - „Хари Потер и каменот на мудроста“ е објавена на 26 јуни 1997 година.
Оваа година се одбележуваат и 20 години од премиерата на првиот филм базиран на книжевниот серијал - „Хари Потер и каменот на мудроста“. По тој повод на 1 јануари 2022, на HBO Max, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts“. Филмот е своевидно обединување на актерската екипа што се појави во сите осум продолженија, предводена од глумците кои ги толкуваа главните ликови: Даниел Редклиф (како Хари Потер), Рупер Гринт (Рон Визли) и Ема Вотсон (Хермиона Гренџер). Тие ќе се вратат назад во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс за да ни го откријат магичниот свет на филмовите за Хари Потер. Овој уникатен телевизиски настан вклучува разговори и лични анегдоти меѓу филмските ѕвезди, претставување на тимот кој стои зад филмовите, како и коментари од креаторката на овој волшебен свет, Џ. К. Роулинг.
По повод 25 години од објавување на првата книга, „Хари Потер и каменот на мудроста“, пак, почнувајќи од февруари на различни локации во светот (училишта, библиотеки, книжарници) ќе се случува Harry Potter Book Night 2022. Вештерки, волшебници и стапчиња од целиот свет се поканети на волшебно патување со магични игри, изработки и активности. Овој настан се организира по осми пат.
Во меѓувреме, на 15 април 2022 година се очекува и светската премиера на филмот „Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledore“, чија приказна е поврзана со светот на Хари Потер. Сценариото за филмот го напиша Џ. К. Роулинг и е дел од нејзината медиа-франшиза со филмови базирани на серијалот книгите за Хари Потер, Wizarding World.
Иако магијата на Хари Потер почна да се шири во светот пред 25 години, приказната за младиот волшебник почнала во 1990, додека Џ. К. Роулинг била на долго патување во еден преполн воз од Манчестер кон Лондон. Тогаш се родила идејата за Хари која, како што самата авторка има кажано, „одеднаш се појавила во нејзината глава“.
-Пишував речиси непрекинато уште од шестгодишна возраст, но никогаш не сум била повозбудена за некоја идеја претходно. Едноставно, седнав и помислив, цели четири часа возење и сите детали се појавија во мојот мозок. Тоа слабо, црнокосо, момче со очила кое не знае дека е волшебник стануваше сè повеќе и повеќе вистинито за мене - вели писателката.
Роулинг ја завршила „Хари Потер и Каменот на мудроста“ во 1995 и го испратила ракописот на неколку потенцијални литературни посредници. Но, откако била одбиена од 12 издавачи, во јуни 1997 година издавачката куќа „Блумсбери“ ја објави „Хари Потер и каменот на мудроста“. Другото е веќе историја, затоа што серијалот, што ќе се протега низ седум книги и уште неколку придружни изданија, доживува неверојатен комерцијален успех насекаде низ светот. Книгата има освоено поголем број награди во Обединетото Кралство и во САД. Се најде на врвот на листата со најпродавани книги според „Њујорк Тајмс“ во 1999 и 2000 година. Преведен е на неколку десетици јазици. По приказната во книгата во 2001 година дебитира и истоимениот филм, во режија на Крис Колумбус, со Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон во главните улоги. Филмскиот серијал е исто толку популарен како и книгите.
Во светски рамки, досега се продадени повеќе од 400 милиони копии од книгите, кои се преведени на повеќе од 60 светски јазици, меѓу кои и на македонски. Авторските права за книгите на македонски јазик ги поседува издавачката куќа „Арс Ламина“, под чиј импринт „Арс Либрис“ досега се објавени првите четири дела: „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (кое го има и во лектирна верзија), „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“ и „Хари Потер и Пламениот пехар“. Во текот на јубилејната 2022 година се очекуваат и следните делови.
„Арс Ламина“ се приклучува кон светското одбележување на четврт век од магијата на Хари Потер, а за сите новости следете ја страницата на „Фејсбук“- „Во светот на Хари Потер“.
https://www.facebook.com/harrypottermkbooks
Во продолжение прочитајте ги кратките содржини на книгите, кои се достапни онлајн преку www.literatura.mk, како и во сите книжарници на „Литература.мк“, каде што исто така има богата понуда на гифт-програма инспирирана од Хари Потер.
1. „Хари Потер и Каменот на мудроста“
„Хари Потер и Каменот на мудроста“ е првиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и на магијата. Еден обичен ден во домот на Дарслиеви, на Привет драјв, бр. 4, стигнува писмо за момчето во креденецот под скалите, Хари Потер. По многуте обиди на тетин Вернон да ги скрие писмата што постојано доаѓаат, една вечер на вратата се појавува Рубеус Хагрид од училиштето Хогвортс за вештерство и волшебништво и му вели дека е волшебник. Тогаш почнуваат авантурите на Хари и неговите пријатели, но влогот е голем − целиот волшебнички свет е во опасност.
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14399
2. „Хари Потер и Одајата на тајните“
„Хари Потер и Одајата на тајните“ е вториот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер. Летниот распуст на Хари беше во најмала рака катастрофален. Го прослави најлошиот роденден досега, не доби ниедно писмо од Рон и Хермиона, а му беше соопштено смртно предупредување од куќниот виленик, Доби – и конечно, беше спасен на спектакуларен начин од Дарслиеви со помош на летачки автомобил! Во Хогвортс, пак, проблемите продолжуваат: Хари слуша шепотења во ѕидовите што никој друг не може да ги чуе и, наеднаш, училиштето е полно со скаменети ученици и страшни натписи по ѕидовите! На повидок е уште едно соочување со мрачните сили!
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк:
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14398
3. „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“
„Хари Потер и затвореникот од Азкабан“ е третиот дел од серијалот за Хари Потер. Уште еден бурен летен распуст на Хари! Овој пат тој успеа да се замери со својата тетка и за малку да биде избркан од Хогвортс! За бељата да биде уште поголема, озлогласениот затвореник Сириус Блек е побегнат од волшебничкиот затвор Азкабан, а страшните дементори го чуваат Хогвортс од сите страни. На крајот, тука е и црното, огромно куче кое го следи Хари насекаде, и гримот, предзнакот на смртта, што се појавува во ливчињата чај на часовите по претскажување. Мрачните сили никако да си заминат од Хогвортс!
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк:
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14410
4. „Хари Потер и Пламениот пехар“
Во четвртиот дел, „Хари Потер и Пламениот пехар“ летниот распуст на Хари е незаборавен, за промена! Заедно со Визлиеви и Хермиона тој присуствува на Светското првенство во квидич – невообичаен настан дури и за волшебничкиот свет. Во Хогвортс, пак, првпат по неколку векови се одржува Триволшебничкиот турнир, меѓуучилиштен волшебнички натпревар во кој се соочуваат првенците на трите познати волшебнички училишта, Хогвортс, Бобатонс и Дурмстранг. Но, во заднината на сите овие настани се чувствува темнината и злото: дали конечно ќе се случи долгоочекуваното враќање на лордот Волдеморт?
Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк: