Занимливости

Кралот на хоророт - Стивен Кинг го прославува 77. роденден

21.09.2024.
Кралот на хоророт - Стивен Кинг го прославува 77. роденден
Кралот на хоророт - Стивен Кинг го прославува 77. роденден

Книжевниот крал на хоророт, Стивен Кинг, денеска (21 септември) го прославува својот 77. роденден.  Во неговата неколкудецениска кариера има објавено 65 романи, шест научнофантастични книги и околу 200 кратки приказни. Неговите дела се продадени во повеќе од 400 милиони копии, а повеќето добија и успешни ТВ и филмски адаптации. Добитник е на многу престижни награди за фикција, како и за неговиот влог во светската литература. Во 2003 година Националната литературна фондација му го додели Медалот за докажан придонес во американската литература.

„Арс Ламина“ е најголем издавач на делата на Кинг на македонски јазик. Досега, под својот импринт „Арс Либрис“ ги има објавено култните „Доктор Сон“, „Сјаење“, „Кери“, „Тркачот“, „Колку покрваво“, „Подоцна“ и други.

„Чудовиштата се вистински, а и духовите се реални. Тие живеат во нас, а понекогаш и победуваат.“ Оваа мисла на легендарниот раскажувач и мајстор за куса фикција ја открива суштината на неговите дела од кои полазуваат морници. И со право, станува збор за едни од најстрашните романи, хорор-трилери, комбинирани со научна фантастика.

Неговиот живот неретко бил како сценарио за драма, трилер, па и хорор-филм. Кога имал само две години, неговиот татко го напуштил семејството со изговорот „одам да си купам кутија цигари“, оставајќи ја мајката на Стивен сама да ги одгледа него и неговиот постар посвоен брат Дејвид, понекогаш под тешки финансиски услови. Како дете, Кинг наводно бил сведок како еден негов другар загинал по удар од воз, иако не се сеќава на настанот. Неговото семејство му кажало дека откако излегол да си игра со момчето, Кинг се вратил, нем и во шок. Подоцна семејството дознало за смртта на неговиот другар. Некои негови критичари сугерираат дека овој настан психолошки ги инспирирал некои од помрачните дела на Кинг, но тој самиот ја отфрла таквата идеја. Основната инспирација на Кинг за пишување хорор-белетристика е наведена до детаљ во 1981 во неговото нефиктивно дело „Данс макабр“, во поглавјето насловено „An Annoying Autobiographical Pause“. Кинг прави компарација на успешната техника на вујко му за пронаоѓање вода под земја со користење на две гранчиња од јаболкница со ненадејната идеја што тој сака да прави за да заработува. Додека раскревале на таванот со неговиот постар брат, Кинг пронашол книга на Х. Ф. Ловкрафт, збирка раскази што припаѓала на неговиот татко. Илустрацијата на корицата од чудовиште кое се крие под надгробен камен во вдлабнатината на пештера што изгледа како пеколот била, како што пишува, „моментот во мојот живот кога пронаоѓањето вода ненадејно потона… што се однесуваше до мене, бев на вистинскиот пат“.

Кинг покажал интерес за страшните приказни, читајќи хорор-стрипови, како „Tales from the Cryp“. Почнал да пишува како ученик во весникот што неговиот брат го издавал со мимеографска машина, а подоцна почнал да продава стории на неговите пријатели засновани на филмови што ги имал изгледано (иако откако бил откриен од наставниците, бил присилен да им ги врати парите). Во 1965 година ја објавил својата прва приказна, самостојно.

Во 1974 година го објавил својот прв роман, „Кери“, со кој се наметна како сериозен автор на хорор-приказни. На почетокот идејата за тинејџерка со натприродни моќи му се видела многу детска, па малку недостигало да се откаже од завршување на делото. Но, неговата сопруга Табита го охрабрила да го објави романот… Самиот вели дека со тоа му го спасила животот, а книжевноста доби едно ремек-дело. Морничавата приказна за тинејџерката Кери Вајт за брзо време била продадена во милион копии. Оваа книга сѐ уште важи за едно од најтензичните дела на Кинг. Врз основа на книгата се снимени и адаптации за на големото платно, од кои најпознат е истоимениот филм од 1976 година, во режија на Брајан де Палма, со Сиси Спејсек во главната улога. Следуваа уште неколку филмски и ТВ-верзии, како и претстава на Бродвеј.

По успехот на „Кери“, од неговото перо излегоа некои од најзначајните хорор-книги на денешницата: „Судбината на Салем“, „Сјаење“, „Мрачната кула“, „Гробишта за миленици“, „Тоа“, „Зелената Милја“ и многу други.

Го одбележуваме роденденот на Стивен Кинг потсетувајќи се на шест негови книги, кои се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлaјн преку www.literatura.mk.

1.            „Подоцна“

Според критиката, „Подоцна“ е најдоброто од Стивен Кинг, застрашувачка и емотивна приказна за изгубената невиност и предизвиците што го тестираат нашето чувство за добро и погрешно. Со ехо од неговиот класик „Тоа“, овој роман е моќно и незаборавно истражување на она што е потребно за спротивставување на злото со сите негови лица.

Понекогаш растењето значи соочување со твоите демони. Приказната е сместена на почетокот на новиот милениум. Главниот протагонист е едно младо момче, Џејми Конклин, кое живее со својата самохрана мајка Тиа. Џејми посакува да има обично детство, но тој не е обично дете. Има натприродна способност да ги гледа и да разговара со духовите на мртвите луѓе. Духовите мораат вистинито да му одговорат на сите негови прашања. Кога бил многу мал, Џејми доживеал голема траума, откако еден човек, кој загинал во сообраќајна несреќа во близина на Централ парк, му мавтал, иако бил мртов. Неколку години подоцна, детективка од њујоршката полиција ќе го вовлече во потрага по убиец, кој се заканува да нападне од зад гробот. Тој ќе се поврзе со духот на сериски бомбаш, за да открие каде е наместена неговата последната бомба...

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на: https://www.literatura.mk/horor-roman/32304-podocna

 

2.  „Колку покрваво“

„Колку покрваво“ исклучителна колекција од четири нови раскази – „Телефонот на господин Хариган“, „Животот на Чак“, „Колку покрваво“ и „Стаорец“ – секој од нив носејќи го читателот на интригантни и застрашувачки места. Расказот е форма на која Стивен Кинг во неговата неверојатна кариера постојано ѝ се враќа, од нив многу преточени во култни филмови, како „Тело“ („Биди покрај мене“) и „Рита Хејворт и бегството од Шошенк“ („Бегството од Шошенк“). Како и неговите претходни збирки раскази, „Колку покрваво“ е колекција од уникатна куса фикција од автор кој со децении суверено владее на тронот на жанрот хорор.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на: https://www.literatura.mk/horor-roman/26962-kolku-pokrvavo

3. „Кери“

Кери Вајт не е обична девојка. Таа има дар. Може да поместува предмети со нејзиниот ум. Вратите се заклучуваат. Светилките паѓаат. Поканата од Томи Рос на матурската вечер за Кери е исполнување на сонот – прв чекор кон влез во средношколското друштво. Сѐ додека неочекуваната суровост не го претвори нејзиниот дар во оружје на хорор и деструкција кои никој никогаш нема да ги заборави.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на: https://www.literatura.mk/horor-roman/17600-keri

4. „Сјаење“

„Сјаење“ претставува олицетворение на современиот хорор-роман и дава прониклив увид во едно растурено семејство, во мрачните ходници на душата и во човековата слабост. Талентот на Стивен Кинг не бил поблескав во ниту една книга. Џек Торенс, неговата жена Венди и синот Дени се вселуваат во хотелот „Видиковец“, бидејќи Џек ја добива работата на чувар во зимскиот период. Неколку месеци отсечени од цивилизација, Џек се обидува да се избори со алкохолизмот и со нападите на бес додека ја пишува новата театарска претстава. Но, силите на темнината што престојуваат во хотелот „Видиковец“ – кој има долга историја на насилства – сакаат да го земат Дени заради неговите силни прекогнитивни способности и да се послужат со слабостите на Џек за да го зграпчат момчето…

Хорор-романот „Сјаење“ првпат е објавен во 1977 година. Во 1980 година, според романот, снимен е и филм, во режија на Стенли Кјубрик, а со Џек Николсон во главната улога. Овој филм се вбројува меѓу најдобрите на сите времиња. Подоцна, во 1997 година, адаптиран е и во телевизиска мини-серија.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на: https://www.literatura.mk/horor-roman/11098-sjaenje

5. „Доктор сон“

Книгата е продолжение на безвременскиот бестселер „Сјаење“. Хотелот „Видиковец“ беше местото каде што неговата момчешка дарба за „сјаење“ ја отвори вратата кон пеколот. Ден Торенс денес е возрасен човек, но духовите од „Видиковец“ – и алкохолизмот и насилството наследени од татко му – го влечеа со години. Сега, помогнат од заедницата на Анонимните алкохоличари во Њу Хемпшир, Ден им го ублажува умирањето на лицата во еден дом за стари и изнемоштени лица, каде што го нарекуваат „Доктор Сон“.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на: https://www.literatura.mk/horor-roman/11770-doktor-son

 

6. „Тркачот“

Бен Ричардс нема работа и нема среќа. Неговата осумнаесетмесечна ќерка е болна и ниту Бен ниту неговата сопруга не можат да си дозволат лекар. За човек од сиромашната страна на градот без пари и надеж, постои само едно нешто што може да го направи: да стане натпреварувач во една од Игрите на Мрежата, шоуа во кои можеш да заработиш повеќе пари отколку што некогаш си сонувал – или да умреш. Бен станува дел од најгледаното шоу и е на пат да стане плен на масите…

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на:

https://www.literatura.mk/horor-roman/18202-trkacot

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Хорор 054279
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Хорор 044847
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
570 МКД
9,22 EUR
Sačuvano u omiljne
Хорор 009022
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Хорор 001714
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
500 МКД
8,09 EUR
Sačuvano u omiljne
Хорор 000994
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
500 МКД
8,09 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

15.
Sep.
Занимливости
Кралицата на мистериите и на крими-романите – Агата Кристи е родена на денешен ден (15 септември) во 1890 година, во Торки, во државата Девон.  Ог...
15.
Sep.
Занимливости
Го одбележуваме роденденот на принцот Хари со автобиографијата „Резерва“. Книгата на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, д...
16.
Feb.
Занимливости
Вистинските книгољупци, освен што пасионирано следат што има ново во светот на убавиот пишан збор, уживаат во создавањето на пријатна атмосфера за својата ом...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.94 MB