Вистинските книгољупци, освен што пасионирано следат што има ново во светот на убавиот пишан збор, уживаат во создавањето на пријатна атмосфера за својата омилена активност – читањето. Најчесто, тоа е посебно катче од домот со богата библиотека и многубројни детали поврзани со книгите. Додека ги избирате новите наслови во вашата домашна библиотека од попустите за време на „Денови на литературата“, за комплетирање на читачкото искуство, внимателно избирете и соодветна музика, шолја топол чај или кафе и уникатни додатоци, како обележувачи за книги и декоративни предмети.
На пасионираните читатели им е особено важно како е конципирана нивната домашна библиотека. Книгите се наредени според бојата или според жанрот, а изгледот на библиотеката е дополнет со светилки, фигури од ликовите од романите и други предмети. Особено атрактивни во тој контекст се држачите за книги. Можете да ја издвоите својата омилена едиција, од Орхан Памук, Ернест Хемингвеј или Агата Кристи, на пример, и да ја позиционирате со овие уникатни држачи.
Заради притисокот од секојдневните обврски ретко кој читател може да ја прочита својата омилена книга во еден здив. Книгите се читаат „на рати“, односно им се навраќаме секогаш кога имаме време. Заради подобра прегледност до каде сме запреле со читањето, користиме разделници. Класичните разделници добиваат нов и современ дизајн. Освен пластични и магнетни, особено популарни се оние со лупа што го олеснуваат процесот на читање. Кога оваа активност ја практикувате во вечерните часови, мошне практични се светилките со штипка што можат да се прикачат за корицата од вашата книга.
Книгите најдобро одат во комбинација со шолја топол чај или кафе. Љубителите на пишаниот збор се познати по својот софистициран избор на шолји за пијалаци. Најчесто избираат уметнички дизајни (Густав Климт, Фрида Кало, Винсент ван Гог), со јунаците од нивното детство (Дизни), со цртежи од миленичиња (најчесто мачки) или со апстрактен дизајн. Изборот е огромен: голема шолја, шолји со средна големина или филџанчиња со тацна... зависи од тоа во што преферирате да го пиете своето кафе.
Мини-фигурите со јунаците од книгите и од светот на ликовната уметност и филмот се одлично дополнување на вашата домашна библиотека. Ликовите од серијалот Хари Потер, Фрида Кало и принцезата Бела се само некои од фигурите што можат да се позиционираат меѓу вашите книги. Доколку просторот го дозволува тоа, изгледот на библиотеката може да се комплетира со керамички мини-саксии со природно или вештачко цвеќе.
Вљубениците во добрата музика знаат дека ниту еден носач на звук не репродуцира толку квалитетен звук како што е случајот со грамофонските плочи. Во последно време се враќа навиката за слушање музика на грамофони. Новите модели се компактни, лесно преносливи и во најразлични бои и дизајни. Особено практични се и безжичните звучници блутут, кои се малечки и можете да ги понесете во кое и катче од домот да посакате.
Покрај соодветниот избор на музика, мирисот на пријатни ароми на овошје, цимет, ванила или чоколада може да придонесе за создавање на релаксирано читачко искуство. Доколку, пак, сте љубители на миризливи стапчиња, читачката атмосфера можете да ја подобрите со прекрасно дизајнирани дифузери за мирис. За оние за кои свеќите се само украс, можат да изберат детаљ од серијата свеќи Hand Gesture.
Деталите за дополнување на изгледот на вашето читачко катче се достапни во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн на: www.literatura.mk.